Зошто е добро да користите есенцијално масло пред спиење?

Есенцијалните масла се можеби најубавиот дар од природата и нема некој кој не ги сака. Некои луѓе ги користат поради нивните лековити својства, други пак уживаат во нивниот прекрасен мирис.

zoshto-e-dobro-da-koristete-esencijalno-maslo-pred-spienje-kafepauza.mk

Рефлексолозите сметаат дека есенцијалните масла се клучни за добриот сон. Нанесете малку од маслото на вашите стапала пред спиење и тоа е сè. Стапалата имаат 5 слоеви кожа, и никакви влакна, а тоа значи дека нивните пори апсорбираат многу побрзо и маслото лесно ќе навлезе во вашиот крвоток.

Вашите стапала имаат над 72.000 нервни завршетоци, колку што нема ниеден друг дел од телото. Поради ова, во источната медицина многу често се стимулираат разни точки на стапалото со цел да се излечи некоја болест. Ова е традиционална медицина која е поврзана со принципот на меридијани. Експертите од оваа област веруваат дека нашите органи се поврзани со одредени точки на стапалата, дланките, ушите и лицето преку меридијани од енергија. Ова всушност е целта на рефлексологијата.

Третманот вклучува нанесување есенцијално масло на стапалата. Ова му помага на телото да го искористи најдоброто од маслото. Некои масла се премногу концентрирани, па не можете директно да ги нанесете на кожата. Во таков случај, користете и масло од кокос или вода за да го намалите ризикот од отоци и иритација. Но, кожата на вашите стапала не е чувствителна како кожата од останатиот дел од телото, па таму можете да користите секакво масло. Секогаш консултирајте се со експерт пред да почнете со употреба на какво било масло.

Откријте и кое е најдоброто масло за вашиот тип кожа.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар