Започнете ја седмицата понеделнички

После еден мрзливо поминат викенд, со чипсот во рака, пружени на каучот пред телевизор, на повеќето од нас ни е депресивна мислата дека треба да почне уште една напорна работна седмица. Но, ако и дозволиме на понеделничката меланхолија да не обземе, постои опасност таа да ни ја уништи целата седмица. За да не се случи тоа, треба да излеземе од рутинското секојдневие и да ги прегрнуваме понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Прочитајте ги следниве 7 начини да ги победите понеделничките депресии. Започнете ја седмицата понеделнички

1. Дотерајте се

Одличен начин да ги победите негативните чувства, кои се обидуваат да ви ја исцицаат енергија на почетокот од седмицата, е да се погрижите за вашиот изглед. Облечете нешто во кое се чувствувате секси, средете си ја косата, ставете ја вашата омилена алка и прснете на себе од скапиот парфем кој го чувате за „посебни пригоди“. Со што и да решите да се почестите, гледајте тоа да биде нешто кое прави да изгледате и да се чувствувате волшебно. Маката која претходно ја чувствувате ќе исчезне за миг.Започнете ја седмицата понеделнички

2. Разгалете се

Пронајдете начин да направите понеделник да ви биде ден наменет за нешто специјално. На пример, подгответе си го вашиот омилен појадок пред да излезете од дома или купете си го на работа/факултет вашиот највкусен оброк. Нема потреба да чекате да дојде викенд за да го направите тоа, бидејќи тие два дена и без тоа ви причинуваат задоволство сами по себе.

3. „Рокнете“ го радиото

Музиката може значително да го подобри вашето расположение. Попуштете го звукот додека ја слушате вашата омилена радио станица и дозволете му вашето тело и ум да се препуштат на ритамот. Честопати занимливите вести и шегите кои ќе ги чуете од радио водителот, во себе кријат интересна тема за разговор или смешка која ќе можете да ја раскажувате за да ги разведрите вашите колеги и другари. Преку веселата комуникација со вашите колеги, ќе ги заборавите сите причини зошто претходно се чувствувавте мизерно.Започнете ја седмицата понеделнички

4. Филмска вечер

Зошто треба гледањето филмови да биде резервирано само за во викендите? Ако сте филмски ентузијаст, викнете го вашиот партнер или некој другар/ка на пуканки и добро филмче. На овој начин, ќе ви се случува нешто интересно уште на почетокот од седмицата, поради што можеби ќе го засакате токму овој ден од седмицата.Започнете ја седмицата понеделнички

5. Прегледајте ја вашата имејл пошта во недела навечер

И покрај тоа што во недела навечер сакате уште малку да поуживате во преостанатите слободни часови, попаметно е да ја победите мрзата и да завршите неколку ситни обврски, кои доколку се насоберат можат многу да ви ја преоптоварат работната седмица. Така, доколку во вашето имејл сандаче сè уште ви стојат неотворени неколку мејлови на кои морате да одговорите, зошто да не ја тргнете таа мисла од глава?! Плус со таквата постапка, веќе сте завршиле пола од работата која ве очекува во понеделник, со што го правите овој ден помалку меланхоличен.

6. Купете си нешто ново во понеделник

Купувањето нешто што ви треба или ви се допаѓа доволно за да ве развесели понеделнички, е одличен начин да го победите меланхоличното расположение. Не мора да биде нешто скапо, туку нешто во кое ќе уживате додека го употребувате во овој депресивен ден, како на пример убаво пенкало, паричник, лабело…Започнете ја седмицата понеделнички

7. Одете со пријател на ручек

Пред да заврши викендот, јавете се на некој пријател кој е исто толку очаен како вас зашто почнува нова работна недела и закажете за утредента ручек во ресторан. Ништо не може повеќе да го покрене расположението од добра храна и уште подобар муабет со вашиот другар/ка. Па, договорете средба и којзнае можеби понеделничкиот ручек ќе ви стане редовна пракса.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар