Време е за ленени панталони

Ленените пантолони се комотни, класични и модерни. Можеби временските прилики ви велат дека е сè уште рано за нив, но треба да бидете подготвени. Сонцето само што не распукало до предизвикување неподносливи температури. А и доаѓа испитна сесија… кој ќе се поти по факултетските клупи?

Време е за ленени панталони

Опуштен изглед, како за на плажа, кофорно, безгрижно чувство и жежок, секси изглед. Не мора да сте на Бахамите за да ги носите, и во нашата земја има доволно вода. А кога ветрето здувнува покрај вода, ленот изгледа магично.

Еве неколку податоци и совети за носење ленени панталони оваа сезона пролет-лето:

  • Овие панталони се удобни и релаксирачи, но не оставаат мрзлив впечаток. Тие се одличен избор за на факултетски час, за шопинг со пријателите или за прошетка на убав сончев ден во паркот.
  • Ленот е уникатен бидејќи ќе ве држи топли во затворени простории со климатизери пуштени на ниска температура, но истовремено ќе ве разладува на топло време, оставајќи ја кожата слободно да дише низ нив.

Време е за ленени панталони

  • Бидејќи ленените пантолони даваат опуштен изглед, комбинирајте ги со струкирани маички, за да не изгледате како да сте ја згрешиле модната ера. Тесна маичка, кратка јакничка и тесна маичка на прерамки (рамбовка) одлично се комбинираат со лелени пантолони.
  • Знаете како во рекламите жените често танцуваат на плажа во лелени панталони? Тоа не е случајно. Ленените панталони се наменети за носење покрај обала, бидејќи штитат од ветрови и ладат при жешко сонце.
  • Обични ленени пантолони најдобро се комбинираат со класични летни додатоци како: летна марама, плетени шешири и големи наочари.

Време е за ленени панталони

  • Ленените панталони се одлична замена за секојдневните фармерки и драстично го намалуваат потребното време за подготвување пред излегување. Еден предлог за комбинирање на ленените панталони е со маичка со V отвор, „гладијаторски сандали“ и летна марама, секако.

Време е за ленени панталони

  • За оние кои живеат покрај река или езеро, ленените панталони се добар избор и за пожешките денови, кога „жешко“ изгледаат во комбинација со горен дел од костум за капење, отворени сандали и големи наочари. Па и градската плажа ќе се отвора кај и да е. Имајте ги идеиве на ум :)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар