Вкусно, здраво, прекрасно: Подгответе овошен леб од соништата!

Ако ви кажеме дека овој овошен леб е без бел шеќер, а неверојатно вкусен, ќе ни верувате? Постојат повеќе рецепти за овошен леб, но ние ви го откриваме овој чии состојки се врзани за сезоната, годишното време и вашето расположение. Ако сакате да воведете здрави навики во вашето секојдневие, а имате проблем со десертите, тогаш задолжително прочитајте го овој рецепт до крај.

1-vkusno-zdravo-prekrasno-podgotvete-ovoshen-leb-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:

  • 65 грама вишни или некое друго шумско овошје (може и повеќе доколку сакате)
  • 5 лажици интегрално брашно (пченично, јачменово или некое друго со глутен)
  • 5 лажички мелен афион
  • 3 банани
  • 2 јајца
  • 3 лажички масло
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

Најпрво вклучете ја рерната на 180 степени. Додека чекате да се стопли, земете еден сад и изматете ја белката, па додајте ги бананите кои претходно сте ги исекле на кругови и продолжете да матите сѐ додека не добиете пенеста маса. Кога сето тоа ќе се соедини, додајте ја жолчката и продолжете да матите со миксерот, притоа полека додавајќи масло. Откако ќе добиете хомогена смеса, тргнете го миксерот настрана, додајте ги сите останати состојки освен вишните и мешајте ги полека со лажица за масата да не го изгуби својот волумен. Подгответе помала тава, со калап за леб и обложете ја со хартија (димензиите нека бидат околу 25×10 сантиметри).

Прво сипете еден слој на дното, па распределете еден дел од вишните. Потоа, уште еден слој, па повторно вишни и така по малку додека не го потрошите целото тесто и вишните. Полека ставете ја тавата во загреаната рерна и печете додека не зарумени. Одличен совет е да го проверувате лебот со чепкалка за заби. Боцнете го тестото кога е при крај на печењето и доколку не останува тесто на чепкалката, тоа значи дека лебот е готов. Почекајте лебот да се олади, па пота исечете го. Украсете го со прелив од топло чоколадо или со шеќер во прав.

А, за љубителите на слатките задоволства подготвивме рецепт за вкусен леб од банана.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар