Вистинското значење на пораката за добра ноќ

Вистинското значење на пораката за добра ноќ

Сигурно досега сте добиле или сте пратиле порака која гласела: „Добра ноќ љубов. Убаво да спиеш“. Станува збор за неколку прости зборови. Но, овие едноставни зборови имаат многу длабоко и силно значење. На тој начин ѝ покажувате на саканата личност дека таа е последниот човек со кого сакате да разговарате дента. Ѝ давате до знаење дека таа е последната личност на која помислувате пред да потонете во длабок сон.

Вистинското значење на пораката за добра ноќ

Кога не можете да бидете еден до друг, овие неколку зборови кажуваат дека би сакале да бидете заедно. Се превртувате во креветот и си замислувате дека тој или таа се покрај вас, со нетрпение чекајќи го моментот кога повторно ќе се соедините во една целина.

Си замислувате иднина кога нема да морате да си кажете збогум, туку ќе можете во живо да си посакате добра ноќ и добро утро. Сепак, додека не дојде тој ден, пораката може да послужи како компензација. Пораката претставува комплимент што може да разубави нечиј ден.

Пораката е показател кој вели дека не можете да си легнете на мира, без да си посакате „Добра ноќ“. Таа е потсетник дека си припаѓате еден на друг и дека вашето срце чука само за саканиот или саканата. Тоа е повеќе од порака за добра ноќ. Тоа е дело што покажува колку си значите.

Лесно е да се заборави на малите нешта кога сте презафатени со сите тие обврски наметнати од напорното секојдневие. Стресот нѐ принудува да заборавиме на нашите сакани и да ги земаме здраво за готово. Токму затоа пораката на крајот од долгиот ден има толкаво значење. Го поништува целиот стрес и сите работи кои тргнале наопаку. Успева да извлече насмевка од нашето лице, бидејќи нѐ потсетува дека некој мисли на нас.

Пораката е избор што го правиме секој ден. И покрај сите грешки во љубовта од минатото, вие сте успеале да се најдете еден со друг и сте одбрале да бидете заедно.

Пораката за добра ноќ го вели следново: „Те одбирам тебе денес, повторно ќе те одберам утре и ќе продолжам да те одбирам секој нареден ден“.

Во продолжение прочитајте и зошто треба да го поминете животот со оној кој ви праќа пораки за добро утро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар