Најубавите нешта што можете да ги направите пред доаѓањето на новата година

Испратете ја 2016-та година на правилниот начин и дочекајте ја 2017-та со отворен ум. Многу често забораваме на убавите нешта што ни се случиле, бидејќи се фокусираме на оние што допрва следуваат, па тоа може да направи да се чувствуваме малку анксиозно. За да го спречите тоа, особено во овој прелазен период исполнет со промени, ве советуваме да ги направите овие 3 листи што ќе ви помогнат да ја доживеете одново целата година и ќе ве подготват со отворено срце да ја дочекате следната…

Најубавите нешта што можете да ги направите пред доаѓањето на новата година

1. Листа со најважните постигнувања во 2016 година

Оваа листа со која ќе ја испратите 2016-та година треба да ги содржи сите завршени цели, без разлика колку мали и незначајни ви изгледаат. Заборавете на грешките и целите што не сте ги оствариле и фокусирајте се на оние нешта што со гордост можете да изјавите дека сте ги завршиле успешно.

Сетете се на сите препреки што храбро сте ги прескокнале, на солзите и насмевките, дури и на моментите кога нештата тргнале во погрешна насока, но сепак добро завршиле. Потсетете се и на сите оние нешта што сте ги направиле за другите (семејството, пријателите, колегите…), како и колку пати сте се соочиле со малите и големите животни проблеми и храбро сте продолжиле напред.

2. Листа со вашите благодарности

Пристигнувањето на новата година е период кога размислуваме за промените што треба да ги воведеме во животот. Но, пред да почнете да се критикувате, направете нешто ќе ве развесели и ќе ви помогне да се гордеете со вашиот живот – запишете ги сите оние нешта на кои сте биле благодарни оваа година.

Ако сте станале родители, баби или дедовци, ако вашето семејство било здраво, ако сте запознале прекрасна личност или сте обновиле старо пријателство, ако сте имале квалитетна професионална година… За сите овие нешта треба да бидете благодарни! Направете список со сите оние нешта што ви се случиле годинава, а на кои сте многу благодарни и многу брзо ќе сфатите дека зад вас оставате прекрасна и исполнета година.

3. Листа со нешта кои едвај ги чекате во 2017 година

Иако не можеме да ја знаеме иднината, ниту пак да откриеме однапред кои планови ќе ни се остварат, а кои не, сепак запишете си барем 5 (мали или големи) настани кои едвај чекате да ви се случат во новата година.

Без разлика дали станува збор за свадба, ваша или на блиска личност, се радувате на новото продолжение од омилениот филм или серија или пак, ја очекувате дипломата или планирате да ја преуредите терасата – постојат толку многу нешта што имаат потенцијал да ви ја разубават следната година, ваше е само да ги идентификувате и со срце да ги очекувате.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар