Уништете ги бактериите во воздухот и отстранете ги болестите со помош на овие билки

Енергетското чистење на домот е источна практика со којашто се отстранува негативноста од просторот за живеење и меѓу другото, опфаќа и палење ароматични билки како жалфија и темјан. Информациите собрани од педесет земји на пет континенти, покажале дека овој метод може значително да го подобри квалитетот на воздухот.

Уништете ги бактериите во воздухот и отстранете ги болестите со помош на овие три билки

Научниот труд под име „Лековити пушачи“ тврди дека чадот којшто произлегува од палењето билки може да ја подобри функцијата на белите дробови, мозокот и кожата, а и да го прочисти воздухот.

„Спроведовме едноставен третман со медицински чад којшто произлегуваше од комбинација на согорување дрво и билки, па забележавме намалување на бактериите во воздухот за 94%. Чистиот воздух се одржуваше и до 24 часа после палењето во затворена соба“, било напишано во студијата, а некои штетни бактерии не биле присутни во воздухот и по еден месец од третманот.

Експертите наведуваат дека квалитетот на воздухот секојдневно се намалува, па во него може да се пронајдат и до 1.800 различни бактерии, од коишто многумина се опасни по здравјето. Вообичаените методи за прочистување на просторот честопати вклучуваат хемикалии што може да нанесат повеќе штета отколку корист, па логично е решението да се бара во природата.

Како да запалите жалфија во својот дом?

Можете да купите вреќичка чај со исушени листови од жалфија од продавниците за здрава храна. Доволно е да запалите само мала количина жалфија, а кога ќе почне да чади поминете низ цела куќа за да извршите енергетско чистење на вашиот дом. Можете да запалите и сноп исушени стебла од жалфија, коишто, на пример, сте ги собрале во текот на летото.

Совет плус: Имајте на ум и дека пред да го сторите ова може да го подготвите вашиот дом, на пример да го исчистите просторот од класичните нечистотии, како што е прашината. Енергетското чистење најчесто се прави во утринските и во попладневните часови со отворени прозорци во домот, а се препорачува после овој процес да се истуширате.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар