Убијци на љубовта и страста: 4 најголеми проблеми во модерните љубовните врски

Најголемите проблеми на денешните љубовни врски не вклучуваат пари, ниту пак неверства. Иако бројните истражувања тврдат дека токму овие нешта се главните причини за пукање на голем број врски, изгледа статистиката не ја кажува целата приказна. Погледнете ги следниве 4 проблеми во модерните врски кои имаат моќ да ја уништат врската, но и кои лесно можат да се решат доколку сте свесни дека постојат.

Убијци на љубовта и страста: 4 најголеми проблеми во модерните љубовните врски

1. Лоша комуникација

Што се подразбира под лоша комуникација? Кога не се слушате едни со други, вие меѓусебно се обвинувате и никогаш не го решавате целосно проблемот. Вие мислите дека партнерот има моќ да ви ги чита мислите или пак, сакате секогаш да сте во право во караниците и не кажувате искрено што ве мачи. Доколку ги правите овие нешта, мора да престанете што побрзо, особено ако сакате да ја зачувате вашата врска.

2. Лоша забава

Ако сте престанале да излегувате заедно, со тек на време тоа ќе стане голем проблем. А ако мислите дека под „заедничко време“ се смета и тоа кога двајцата лежите во кревет, но секој се занимава со својот лаптоп, таблет или смартфон, тогаш сте во голема заблуда. Тоа не е квалитетно поминато време. Сетете се на сите оние интересни нешта кои сте ги правеле порано и обидете се повторно да ги вратите во живот.

3. Премалку време

Без разлика колку невозможно ви изгледа тоа, вие мора да пронајдете време еден за друг. Уште подобро ако имате можност секојдневно да го правите тоа. Правете што било заедно, не е многу важно што поточно и колку време. Вечерајте, разговарајте, направете кратка прошетка, излезете со пријателите, вежбајте… Ако преку недела сте презафатени со работа, посветете ги викендите еден на друг. Секој пар кој сака да опстане мора да има свои ритуали и време посветено само за нив.

4. Нереални очекувања

Ако искрено сакате вашата врска да успее и да биде исполнета, мора да го сфатите следново – никој не е совршен! Исто така, вашиот партнер може малку да се промени малку за вас, но никогаш нема да се промени целосно. Па, доколку сакате вашата врска да има иднина, тогаш мора да го прифатите онаков каков што навистина е, заедно со добрите и лошите особини. Не постои друга формула за успешна љубовна врска.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар