Темната страна на емпатите која луѓето ретко ја гледаат

Емпатите се многу интелигентни луѓе кои имаат посебни способности. Многу луѓе ги гледаат како кршливи, речиси слаби личности, но ова е едно големо недоразбирање.

temnata-strana-na-empatite-koja-lugjeto-retko-ja-gledaat-kafepauza.mk

Емпатите се родени лекари и се под силно влијание од енергиите на другите луѓе. Тие имаат способност да ги чувствуваат емоциите на другите и со тоа ја дознаваат нивната намера, лоша или добра. Иако емпатите се мачат со притисокот од нивните емоции и емоциите на другите, тие се далеку од слаби личности.

Емпатите се чувствителни, но на друг начин. Тие имаат голема чувствителност кон телевизијата, радио брановите, па дури и Интернетот. Насилството и емоционалните драми, или пак шокантните сцени со физичка или емоционална бока се неподносливи за емпатите. Тие секогаш го гледаат доброто во луѓето, но имаат и своја мрачна страна – тие имаат посилна одбрана.

За емпатите е речиси невозможно да го избегнат злото во светот, а ова им дава увид во неговото вистинско функционирање. Овој увид ги плаши и ги прави тажни. Тие ја собираат негативната енергија, а ова ги прави секогаш да изгледаат изморени. Емпатите може да ги запостават своите тело и ум за другите луѓе. Тие имаат големо разбирање што навистина им тежи. Штом ќе почнат да се запоставуваат, тие почнуваат да го губат и чувството за себе.

Ако сте емпат кој се обидува да се избори со темнината, не сте сами. Најдобриот и единствениот начин да ја добиете битката е да се осигурите дека можете да ги разликувате вашите емоции од негативните енергии кои сакаат да ве надвладеат. Можеби ќе ви биде тешко, но ќе успеете во тоа!

Погледнете и зошто никогаш не треба да си играте со емпат.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар