Запознајте го Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела

Хантер е куче од видот Шиба ину и црта апстрактни слики. Благодарение на неговите дела, тој има илјадници следбеници на социјалните мрежи. Ова 5-годишно куче живее во Алберта, Канада со Кени Ау и неговата сопруга Дениз Лу.

Запознајте го Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела

„Нашата куќа имаше голем ѕид што сакавме да го насликаме. Пробавме неколку нешта, но ништо не ни се допаѓаше. Бидејќи Хантер е важен дел од нашите животи, си помисливме дека би било добро ако нацрта нешто за нас. Се обидовме да го научиме да ја држи четката и потоа да ја доближи до лист хартија. Кога додадовме боја, резултатот беше изненадувачки.“

Запознајте го Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела

Како што Хантер продолжувал да ја покажува неговата креативност, парот решил да му отвори Инстаграм профил, а по некое време и да ги продава неговите дела. Денес неговите слики чинат околу 35 евра.

Запознајте го Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела

Парот вели дека ќе продолжат со ова сè додека кучето е заинтересирано за цртање. Доколку му стане здодевно, ќе престанат. Според нив, Хантер ги гледа како пријатели, а не како негови сопственици.

„Имаше многу енергија и изгледа најсреќен кога му даваме физички и ментални вежби, па го научивме на што е можно повеќе трикови. Може да си ги собира играчките, да ни го подава влечките и слично. Дефинитивно тој е најпаметното куче што сме го имале, но има силен карактер па ако не сака да прави нешто ни кажува.“

Запознајте го Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела

Запознајте го Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар