Тајната за вечна младост: 11 здрави навики кои ја одржуваат вашата виталност

Во денешно време се придава повеќе важност на она што се јаде отколку на начинот на кој се јаде. Свеста со која ја внесуваме храната во нашето тело често не е важна, но реално треба да биде исто толку важна колку и самата храна која се јаде. Токму затоа треба сериозно да размислите и за следниве неколку нешта доколку сакате да почнете да живеете поздраво…

Тајната за вечна младост: 11 здрави навики кои ја одржуваат вашата виталност

1. Купувајте квалитетна храна. Не онаа која им одговара на вашите навики, желби и вкусови, туку онаа која му одговара на вашиот организам. Храната треба да биде свежа, по можност органска и без хемикалии.

2. Гответе со љубов. Моменталната состојба на вашиот ум директно влијае врз енергијата на храната и процесот на вградување во вашиот организам.

3. Декорирајте го оброкот. Дури и од најобичните секојдневни оброци направете гозба за вашето тело, како и за ва вашата душа.

4. Јадете во мирна атмосфера, исполнета со хармонија. Не голтајте ги залчињата премногу брзо и џвакајте повеќе. Опуштете се и тргнете ги настрана негативните мисли. Јадете полека и не гледајте телевизија додека го правите тоа. На храната ѝ е потребно целото ваше внимание.

5. Не јадете само поради помислата да не фрлате храна. Јадете умерено и престанете на првиот знак за ситост.

6. По завршувањето на оброкот одвојте момент за дишење. Не станувајте веднаш од столот и не започнувајте со нова активност.

7. Намалете го внесувањето на шеќери и кујнска сол во исхраната. Не користете црвено месо и одбирајте само млеко и млечни производи кои се со висок квалитет и проверени. За промена, можете да пробате и растително млеко. Не консумирајте секојдневно благо и грицки.

8. Морската храна е одличен извор на протеини, како и на аминокиселини. Тие исто така имаат и репутација на афродизијаци. Не заборавајте и на салата, а во неа ставајте и јаткасти плодови.

9. Во исхраната користете интегрални житарки. Пченичните производи се одличен извор на селен, чиј недостаток може да го забрза вашето стареење. Користете сокови од свежо исцедено овошје кои содржат природни шеќери.

10. Овошјето и зеленчукот се најголем извор на витамини и минерали кои се важни за исхраната. Во нив има доволно растителни влакна за подобрување на варењето на храната и чувство на ситост. Тие исто така го подобруваат и вашиот имунитет, додека некои од нив се силни антиоксиданси, кои го подмладуваат вашиот организам.

11. Обрнете внимание на стресот. Доколку сакате да ја задржите вашата младост вие мора да се фокусирате на позитивните емоции и да го совладате секојдневниот стрес. Воведете и малку физичка активност, која не само што ќе ви помогне да ја достигнете посакуваната тежина, туку и одлично ќе влијае врз вашата психа.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар