Што вели односот со мајка му за неговиот карактер?

Односот на мажите со нивните мајки многу често е тема на шеги и вицови, но овие реакции настануваат само поради самата комплексност на нивната поврзаност како и различните ситуации кои настануваат од него. Токму затоа и психолозите спровеле голем број истражувања со цел да објаснат што односот на мажите со нивните мајки говори за нив. Досега нивните откритија можат да се групираат во неколку категории…

Што вели односот со мајка му за неговиот карактер?

Мажот кој секојдневно ѝ се јавува на својата мајка, сигурно детално ѝ ги пренесува дури и најмалите ситници во својата врска или брак. Токму затоа воопшто не изненадува фактот што последиците од овој однос се погубни на подолг рок, бидејќи мајката како мајка, нема да може да одолее на шансата да го заштити својот син од „злобната снаа“.

Доколку тој продолжи да живее по нејзините правила, дури и кога ќе се отсели од дома, и ако овие сфаќања се целосно бесмислени во љубовната врска, тогаш тоа е знак дека имате работа со личност која не е во ситуација да изгради сопствен систем на вредности. Во овој случај најдобро е да се оддалечите што побрзо од него, пред да биде премногу доцна и да бидете повредени.

Исто така доколку тој бара од својата мајка совет за сите ситници и ако му е потребно нејзино одобрување за било кој чекор во животот, повторно станува збор за несигурна личност која нема никаква доверба во вас.

Но, постои и друга крајност. Оние мажи кои скоро и да немаат контакт со својата мајка имаат големи проблеми во љубовните врски. Доколку тие не се способни да ја сакаат и да се грижат за жената која ги родила, како би можеле да почувствуваат нешто повеќе за која било друга жена?

Обрнете внимание на овие детали, бидејќи тие можат да ви бидат од голема корист при одлуката дали има смисла да останете покрај него. Исто така имајте на ум дека овие примери со во крајност и дека ги отсликуваат само лошите и нездрави односи помеѓу мажите и нивните мајки.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар