Што прават успешните луѓе после работното време?

Можеби идејата да си одите право дома после работа, да се облечете во вашите пижами и да се напиете некоја чаша вино ви звучи примамливо. Но на долг рок, ова не е вашиот рецепт за успех. Најпродуктивните луѓе всушност, имаат уникатна стратегија за одмор и полнење на батериите, после долгиот и напорен работен ден. Еве што прават тие:

Што прават успешните луѓе после работното време?

1. Се исклучуваат од технологијата

Без разлика колку често ви стигаат службени мејлови, исклучете ги сите ваши електронски уреди, барем неколку часа после работното време. Доколку немате итни работни обврски, најдобро е да не ја проверувате поштата до наредното утро, за да избегнете нов стрес.

2. Одат во кафуле

Дузина истражувања покажале дека умерената консумација на алкохол го смалува ризикот од мозочни и срцеви удари, како и од бројни други кардиоваскуларни проблеми.

Што прават успешните луѓе после работното време?

3. Редовно имаат секс

Сексот ќе го смали крвниот притисок, ќе го намали ризикот од срцев удар и заболување од рак на простата, а воедно и ќе го подобри квалитетот на вашиот сон. Сексуално активните луѓе поретко се разболуваат.

4. Го планираат викендот

Истражувањата покажале дека оние кои го планираат својот одмор и викендите, се посреќни од оние луѓе кои воопшто не го прават тоа. Најголемиот пораст на чувството на среќа, доаѓа во моментите пред заминување на патување. Затоа пронајдете време да испланирате некакви активности за претстојните слободни денови, па самото нивно очекување ќе ви помогне побрзо да ја пребродите работната недела.

5. Свират на пијано

За многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.

Што прават успешните луѓе после работното време?

6. Екотерапија

Ова не е ништо комплицирано за правење туку едноставно, излегување на свеж воздух. Каква било надворешна активност ќе ви го подобри менталното здравје и продуктивноста.

7. Му се посветуваат на семејството

Само затоа што сте во истата соба со членовите на вашето семејство, не значи дека навистина поминувате квалитетно време заедно. Зјапањето во смартфонот или лаптопот ве спречува да обрнете внимание на светот и луѓето околу вас.

Што прават успешните луѓе после работното време?

8. Спијат доволно

Што и да правите по завршувањето на работното време за да се релаксирате, не заборавајте да одвоите барем 8 часа вечерта, за добро да се наспиете и да ја обновите енергијата за наредниот работен ден.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар