Што да правите кога ќе ви се скрши омилената сенка за очи?

Колку пати ви се случило да ја купите совршената сенка за очи, а потоа набрзо да ја најдете искршена на милион делчиња поради невнимание?

Што да правите кога ќе ви се скрши омилената сенка за очи

Епилогот секогаш е ист. Ќе се обидете да ја користите уште некое време, но набрзо ќе ја фрлите. Со овој трик ќе си ги поправите омилените сенки за очи за неколку минути, наместо да купувате нови и да фрлате пари за џабе.

Во скршената сенка, капнете малку алкохол. Потоа измешајте со лажиче или со прст и ќе добиете смеса која после неколку часа ќе биде во иста состојба како пред да се скрши. Нема потреба да се грижите за алкохолот, бидејќи тој ќе испари.

Наместо алкохол можете да употребите крема за очи или вазелин. Постапката е потполно иста.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар