Сериозни последици од јо-јо диетите на кои треба да внимавате

Колку пати во животот сте биле на диета? Колку килограми сте изгубиле? Дали тие килограми повторно се вратиле и тоа се случило, во кој временски период? Кога ќе одговорите на овие прашања, брзо ќе дознаете дали сте „жртва“ на јо-јо диетите. Всушност, станува збор за брзи и навидум ефикасни диети, со кои во краток период се губат поголем број килограми, но кога ќе престанете со нив, изгубеното брзо се враќа назад, па често доаѓа до тоа да се насоберат во поголем број од претходно. Освен самото несакано повторно враќање на килограмите, таквиот начин на слабеење и повторно дебелеење има и психички и физички опасности за вашето здравје.

1-seriozni-posledici-od-jo-jo-dietite-na-koi-treba-da-vnimavate-www.kafepauza.mk_

1. Количината на маснотии што се враќа во телото со секоја нездрава диета и повторното враќање на килограмите се зголемува. Кога некоја личност за брзо време ќе изгуби многу тежина, заедно со маснотиите ја губи и мускулната маса. Кога повторно ќе започне да се враќа старата тежина, има тенденција да се насоберат повеќе маснотии од претходно, а помалку мускулна маса, па поради тоа таа личност станува подебела од претходно.

2. Еден од ефектите на јо-јо диетите е зголемената желба за мрсна храна. Со други зборови, телото многу полесно ги преработува калориите од маснотиите отколку од протеините и јаглехидратите.

3. Постојаното губење и добивање тежина, кое може да трае со години, а кај некои личности и со децении, може да има сериозни психички последици. Односно, неуспехот во одржувањето на посакуваната тежина може да се доживее како личен пораз. Одвреме-навреме може да дојде до проблеми со самодовербата, а кај некои личности може да се појави и депресија.

2-seriozni-posledici-od-jo-jo-dietite-na-koi-treba-da-vnimavate-www.kafepauza.mk_

4. Личностите кои често губат и добиваат килограми имаат и ослабен имунитет. Односно, истражувањата покажуваат дека жените кои се обидувале повеќе од пет пати да изгубат тежина имаат за една третина послаб имунитет од останатите. Од друга страна пак, жените кои имаат иста, „здрава“ тежина, повеќе од пет години по ред, имаат за 40% подобар имунитет од личностите чија тежина постојано варира.

5. Некои понови истражувања покажаа дека јо-јо диетите може да предизвикаат бројни здравствени проблеми, како што се зголемен крвен притисок, зголемен холестерол, дијабетес, а може да дојде и до срцеви аритмии.

Поради тоа, здравата исхрана од свежи, нетретирани и разновидни намирници, готвењето дома, поточно помалку процесирана храна, слатки и грицки, но и редовното вежбање се вистинскиот начин за здраво губење килограми, кое може да донесе бројни добрини на организмот.

Изгладнувањето на организмот со брзи диети го доведува телото во „извонредна“ состојба во кое метаболизмот забавува, бидејќи се гасат или забавуваат функциите на органите поради штедењето на енергија. Кога повторно ќе се започне со консумирање поголема количина храна, метаболизмот останува бавен, поради што доаѓа до повторно насобирање на килограмите.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар