Секс за смирување: 10 причини кои ќе ве натераат да водите љубов, а не војна

Љубовните кавги се слатки маки – викање, зборови кажани во афект и уште милион нешта на кои ќе се сетите кога ќе се спомнат караници со партнерот. Сепак, она што е најубаво кај нив е тоа што после тоа можете да се смирите преку секс, а подобро смирување од тоа нема. Погледнете зошто.

0-seks-za-smiruvanje-10-prichini-koi-kje-ve-nateraat-da-vodite-ljubov-a-ne-vojna-kafepauza.mk

1. Се чувствувате подлабоко поврзани затоа што ја преживеавте таа луда караница – „Има нешто што не можеме да го пребродиме?! Не, секако дека нема.“ Шампиони кои излегуваат од ринг? Веројатно најдобра дефиниција за врвен секс.

2. Целата лутина што ја чувствувате му изгледа неверојатно секси на партнерот – Чувството кога сте лути и кога сте запалени е слично од аспект на порастот на телесната температура, губењето на здивот и сл. Па тогаш зошто би избрале да се лутите?!

3. Ако сѐ уште сте му лути на партнерот, тоа можете да го искористите во ваша полза – Имањето секс поради лутина со некој кој го сакате, скоро 90% од времето е исто како да сакате да се истепате меѓу себе, а сексот е само одличен метод за тоа.

4. Ако партнерот згрешил и е свесен за неговата грешка, тој треба да направи компромис – Кога тој/таа знае дека погрешил/а, тогаш го знае и вистинскиот начин за да се извини. Запомнете дека зборуваме за сексуални начини, а не да ви ја донесе омилената храна. Иако, и тоа би можело да успее.

5. Успевате да ги согледате работите на објективен начин – Да, тој не ги мие садовите, а кога ќе ги измие не се добро миени, но сепак запомнете дека тој ви ги исполнува сите секси фантазии на начин кој не можете да го опишете со зборови.

6. Вечерта можете да ја паметите по прекрасниот секс – Наместо да ја паметите по „оној пат кога се искаравме за долната облека која висеше по столиците“, вие може да ја паметите ноќта како „оној пат кога имавме неверојатно жежок секс.“

7. Сексот за смирување ги одлага проблемите – Иако не би ви го препорачале тоа, одвреме-навреме тоа и не е толку лоша идеја.

8. Сексот за смирување е одличен начин да ставите крај на караницата кога не знаете како да ја завршите – Сетете се на оние караници кога не знаете зошто сте лути еден на друг, но двајцата сте многу изнервирани. Агресивниот начин на бакнување е одличен начин да се оддалечите од проблемот кој веројатно бил само едно мало несогласување, а и да ги префрлите нештата во спалната соба.

9. Ако се случи нешто чудно за време на сексот, двајцата ќе се насмеете, а така ќе ви помине лутината која можеби сѐ уште ја држите – Скоро секогаш е добро да се смеете за време на сексот, плус смеата ви помага да се ослободите од бесполезната тензија која останува во вашите тела после интензивна и страсна караница.

10. Можете да бидете доста поагресивни од вообичаено и нема потреба да се објаснувате за тоа – Ако вообичаено сте покорни или срамежливи во спалната, сега сето тоа отпаѓа затоа што сте лути. Затоа, тој/таа не смее да се налути ако сте малку похрабри и направите нешто невообичаено за него/неа.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар