Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

Автор: Бојана Мандевска

Сексуалната привлечност кон предмети или делови од телото кои не се конвенционално познати како сексуални се смета за секс-фетитш. Вообичаено кога ќе се спомене секс-фетиш се мисли на работите кои ни предизвикуваат сексуално возбудување. Фетишот всушност претставува одреден предмет или дел од телото кој го обожаваме и кој ни предизвикува сексуално задоволство.

Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

Како едни од најпознатите делови од телото кои предизвикуваат особено сексуално задоволство и се добро познати секс-фетиши се: градите, задникот, ушите и стапалата. Додека од предметите како најпознати може да се споменат камшикот, мрежестите чорапи, кожата, латексот, гумата, црвениот кармин и слично.

Балони – дувањето балони и аранжирањето на просториите со балони нè асоцираат на подготовки за родендени и други видови веселби, но кај некои личности, дувањето балони, самиот нивни мирис и лебдењето во воздух, се предизвикувачи на сексуално задоволство. Балонот кај нив буди и создава сексуална возбуда.

Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

Скокоткање нежниот и скокотлив допир на партнерот е добар начин за да се зачини предиграта и да се предизвика големо сексуално задоволство. Кај некои лица ненадејното скокоткање предизвикува голема сексуална возбуда.

Храна сексуалната игра во спалната соба зачинета со малку шлаг секако е забавана и возбудувачка. Но, одредени лица имаат потреба да бидат засладени од глава до петици, целосно намачкани со шлаг, мед или друг вид храна. Воедно тоа подразбира и играње со храна во креветот или пак имање директен сексуален однос со неа.

Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

Кукли – спиењето покрај кукла за некои претставува секс-фетиш. Тие со куклата воспоставуваат врска, имаат секс со неа и уживаат во нејзиното присуство. Овој фетиш е познат под името агалматофилија, кога лицата сакаат да имаат сексуални односи со статуи, статични кукли-манекени или пак со кукли на дување. Може е малку чудно и невообичаено, но има луѓе кои ова го сакаат.

Маскоти и униформи – малите крзнени мечиња изгледаат симпатично и слатко и се добар подарок. Но, кај некои личности тие предизвикуваат возбуда. Ваквите луѓе се облекуваат како маскоти само за да имаат секс, бидејќи самата помисла на крзнени костими и кукли кај нив предизвикува сексуална возбуда. Додека некои се облекуваат како маскоти, други пак облекуваат различни униформи, како на пример униформа на полицаец, пожарникар, медицинска сестра и слично, бидејќи тоа е начинот на кој тие сексуално се возбудуваат.

Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

Постојат многу различни начини на кои луѓето се возбудуваат и го задоволуваат својот сексуален апетит. Не би смеело да се заборави да се спомене галењето на косата, допирите и самиот поглед на стапалата на партнерот, пирсингот на одредени делови од телото, врзувањето на рацете или нозете, практикувањето на тантричкиот секс.

Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

Кај машката популација дополнителна сексуална возбуда предизвикуваат и моментите на женска доминација, кога жената е таа која иницира на секс и е водич во сексуалната игра. Додека пак кај жените, дополнителна возбуда предизвикува носењето високи потпетици за време на сексуалниот чин.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар