Прочитајте го ова ако се чувствувате како „ѓубре“

Прочитајте го ова ако се чувствувате како „ѓубре“

Сосема е во ред да имате лоши денови, тоа на сите ни се случува. Како еден вид настинка на душата, едноставно треба да ги прифатите такви какви што се и потоа да ја пронајдете силата во вас што ќе ви помогне да ги надминете. Имајќи го тоа на ум, сосема е во ред да се разбудите на погрешната страна од креветот, да го игнорирате алармот и да се вратите назад во удобноста на соништата. Понекогаш на сите ни се потребни дополнителни часови сон. Ако сè уште не сте подготвени да се соочите со светот, дајте си простор да зајакнете.

prochitajte-go-ova-ako-se-chuvstvuvate-kako-gjubre

Сосема е во ред да се мачите со вашата листа на нешта за кои сте благодарни, да не можете да напишете ниту 10 точки, дури и покрај тоа што длабоко во себе знаете дека сте неверојатно среќни. Во ред е и да зјапате во екранот на вашиот лаптоп или да ви се одвлече вниманието од мобилниот кога треба да работите на вашата кариера или на соништата. Вие не сте совршени, исто како и сите други луѓе на оваа планета. Потребно е време да ги срушите лошите навики и уште повеќе време за да изградите добри навики, па нормално е вашата волја да оди нагоре-надолу.

Сосема е во ред да не сакате да се насмеете денес. Нема потреба да нацртате лажна насмевка на вашето лице за да ги расположите родителите, партнерот или личноста што ви послужила кафе од сабајле. Вие не му должите ништо на светот околу вас. Истото важи и за вашите иритантно оптимистички пријатели – ако тие ве гушат со нивната позитивна енергија, слободно оттргнете се на кратко. Барем додека не посакате повторно да погледнете на светлата страна на нештата.

Сосема е во ред да прескокнете тренинг во теретана и да изедете цела кутија чоколади затоа што ништо друго во моментот не може да ви звучи толку правилно. Можете да се напиете и една чаша вино пред спиење, без да чувствувате каење. Не заборавајте дека виното е добро за вашето здравје исто колку што е добро и за вашата душа – во умерени количини, секако. Теретаната ќе постои и следниот ден, па тогаш ќе мислите како да надополните за пропуштеното.

Сосема е во ред да се чувствувате и како „ѓубре“ понекогаш. Дозволете му на сивиот облак околу вашата глава да ве проголта со својата силна бура бидејќи без дождот, како ќе го видите виножитото? Само не треба да заборавите дека сонцето не ве напуштило. Тоа е многу близу до вас, поблизу одошто мислите. Во ред е и да ја одморите главата на вашите раце и да ги пуштите солзите да се стркалаат по вашето лице. Без разлика на причината или на фактот дека нема причина за нив.

Никогаш не заборавајте дека е сосема во ред да не бидете постојано во ред. Лошите денови ќе го најдат својот пат до сите нас. Но верувајте дека црното небо набрзо ќе се замени со сино. Верувајте дека тежината што ве влече кон јадрото на планетата ќе биде подигната и ќе се чувствувате полесно од кога било претходно. Добрите денови трпеливо ве чекаат на хоризонтот, дури и во овој момент.

Прочитајте го и ова ако одамна не сте чуле „Те сакам“!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар