Правила за раскинување

Сите знаеме дека раскинувањето никогаш не е лесно. Но, како и сè друго, така и тоа си има свои правила. Ако веќе претчувствувате дека се ближи крајот на врската, обидете се да се придржувате до следниве правила.

Правила за раскинување

Раскинувањето е лично – Се работи за личност за која сè уште се грижите и затоа не користете Интернет или СМС-пораки за да ја соопштите лошата вест. Разговарајте лице в лице и бидете искрени, но пристојни.

Планирајте го разговорот – Постои можност да избегате од темата и раскинувањето да добие друга насока. Составете си го сценариото во глава за да ја намалите нервозата и да се сосредоточите на целта.

Не лажете – Кажете ја вистинската причина зошто раскинувате. Сигурно ќе бидете во искушение да ја ублажите состојбата, но искреноста е сепак најдобриот пристап. Не оставајте другата страна да погодува и да претпоставува зошто врската не успеала.

Правила за раскинување

Но, не навлегувајте во детали – Не бидете сурови опишувајќи колку би било убаво кога вие двајца би се разделиле. Цензурирајте се самите себе. Нема потреба да додавате дека веќе се интересирате за некој друг.

Не раскинувајте кога сте под дејство на алкохол – Не само што зборовите несвесно ќе ви излетуваат од уста, туку и помнењето ќе ви биде заматено. Уште полошо ако и тој е во алкохолизирана состојба, затоа што најверојатно нема да се сеќава дека сте му раскинале, па ќе мора да го направите тоа уште еднаш.

Не давајте лажна надеж – Посебно не дека работите во иднина би можеле повторно да функционираат. Лажната надеж го ублажува ударот, но ја продолжува болката.

Правила за раскинување

Разберете се со убаво – Но, не очекувајте дека сосема ќе ги расчистите работите. Колку и да посакувате да бидете начисто кога ќе ги завршувате работите, тоа може никогаш да не се случи. Затоа не обидувајте се да се сретнувате сè додека не расчистите. Ако е готово, готово е.

Не контактирајте некое време – Одолејте му на искушението и заборавете на секаков контакт извесно време после раскинувањето. Контактите од сожалување или затоа што имате грижа на совеста не се оправдание. Дајте си простор еден на друг и продолжете секој по својот пат.

Без повторно смирување – Најголема опасност по раскинувањето е можноста повторно да се смирите. Затоа бидете внимателни. Ако еднаш сте раскинале, па сте се смириле, големи се шансите повторно да раскинете заради истата причина како и првиот пат.

Правила за раскинување

Раскинувањето не е центар на внимание – Не споделувајте го јавно раскинувањето и не принудувајте ги заедничките пријатели да одберат страна. Раскинувањето е доволно болно и без целото внимание на јавноста.

Не форсирајте нов состанок – Осигурајте се дека поминало доволно време од раскинувањето и дека сте навистина подготвени за нов состанок. Ако во вашиот живот се појавила нова личност која ви се допаѓа, бидете отворени, трпеливи и  најважно од сè, бидете искрени.

Бидете голема личност – Зачувајте го достоинството така што нема да си кажете ништо ужасно еден на друг за време на раскинувањето. Тоа нема да направи да се чувствувате подобро. Завршете ја врската учтиво и грациозно.

Правила за раскинување

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Lexie Von Raven Reply

    Ова последново тешко им иде од рака,баш обратно се случува секогаш :)))

  2. pamela Reply

    je*em ti raskinuvanje najgadna rabota :@

  3. Bojan Reply

    samo na loso gi ucite lugjeto

  4. ace Reply

    najubo e da se izbegne revans posle raskinuvanje i da mu se napravi mizerija zivotot na drugiot ! Ali tesko odet tie raboti pusta ljubomora haha

Остави коментар