Прашок, капсули или течен детергент: Која е најдобрата опција за вас?

Денешниот пазар на детергенти за перење алишта е богат со понуди од различни произведувачи. Повеќе не станува збор само за отстранување на дамките, туку и за освежување на боите и зачувување на ткаенините. Но, сите тие може да се поделат во 3 главни групи – детергент во прашок, капсули и течен детергент.

1-prashok-kapsuli-ili-techen-koj-detergent-e-najdobra-opcija-za-vas-www.kafepauza.mk_

Секој детергент делува на начин што ја истопува нечистотијата која притоа ја врзува за себе и со помош на водата ја отстранува од облеката. Но, различните видови детергенти имаат различни приоритети помеѓу кои најважни се отстранувањето на тврдокорните дамки, чување на бојата и практичноста.

Прашок за перење алишта

Иако ваквиот детергент за алишта не е „модерен“ како другите два вида детергенти, сѐ уште доминира на пазарот. Можете слободно да му верувате и со многу извалкани алишта, а ефикасноста не му се намалува ни при целосно наполнета машина. Подобар е за тврдата вода од течниот детергент, а содржи и активатори за белење кои не можат да се користат во течната верзија.

Течен детергент

3-prashok-kapsuli-ili-techen-koj-detergent-e-najdobra-opcija-za-vas-www.kafepauza.mk_

Сѐ поголем број брендови за течен детергент во пакувањето нудат и апликатор за нанесување на детергентот врз дамката, укажувајќи на тоа дека се одлични сојузници за целосно отстранување на дамките. Многумина го избираат кога ќе посакаат да ја „освежат“ облеката, да ја исперат црната облека или онаа со нагласени бои за која се наменети специјализирани течни детергенти. Поголемиот дел течни детергенти за бели алишта се со сина боја заради синиот пигмент кој е заслужен за побел изглед на ткаенината. Но, токму заради состојките кои ја чуваат бојата во ткаенината, често се „губи“ на мирисот. Многумина како недостаток на овој облик на детергент ја истакнуваат нееколошката пластична амбалажа.

Детергент во облик на капсули

4-prashok-kapsuli-ili-techen-koj-detergent-e-najdobra-opcija-za-vas-www.kafepauza.mk_

Детергентот во облик на растопливи капсули овозможува конзистентност при дозирањето, така што не може да се случи да ставите премалку или премногу детергент. Најголем недостаток на овие меки перничиња со привлечни бои е тоа што се интересни за најмладите кои лесно може да ги заменат со десерти. Па така, доколку имате љубопитно малечко, овој детергент држете го надвор од неговиот дофат.

За капсулата да биде поефикасна ставете ја во машината пред да ја наполните со алишта. На тој начин правилно ќе се растопи и нема да постои можност за оставање бели дамки по облеката. Една капсула, по правило, е доволна за наполнета машина.

Доколку барате алтернативни средства за перење на облеката, погледнете како сами да направите антиалергиски детергент од 3 состојки.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар