Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

Автор: Д.Џ.

Трудејќи се да ги следиме моменталните трендови, понекогаш забораваме дека сите парчиња што ни се потребни за формирање на одлична комбинација, се веќе во нашиот гардеробер.  Станува збор за парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, лесни се за комбинирање со секој стил и големи се шансите веќе да ги поседувате.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

1. Кожната јакна

Кожните јакни беа многу модерни минатата есен, така што шансите веќе да поседувате една се многу големи.  Тие не беа модерни само минатата година, кожните јакни никогаш не излегле од мода. Без разлика дали станува збор за кафена, црна, тесна, широка, куса или долга, вистинска кожа или еко-кожа, овие јакни засекогаш ќе бидат модерни и парче кое секој од нас треба да го поседува. Тие и додаваат дополнителен шмек на која било комбинација што ќе ја направите. Облеки кои можете да ги носите и оваа есенНе се плашете да експериментирате, тие одат одлично во комбинација со секакви пантолони и фармерки, но во последно време, во светот на модата тие се комбинираат и со женствени мини-здолништа и фустани во различни дезени.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

2. Џемперчиња на закопчување

Станува збор за џемперчињата кои ова лето ги комбиниравме со нашите омилени фустанчиња за вечерните излегувања. Тоа се истите оние кои одлично одговараат во комбинација со бели, но и не само со бели кошули, со класични маички и со ред други работи. Тоа се всушност џемперчињата кои се супер-лесни за комбинирање и одлично одговараат за секоја пригода. Тие можат да изгледаат класично, женствено, спортски, но најбитно од сѐ, тие се лесни за комбинирање и можат да ве загреат во овие есенски денови.  Бидете интересни и неограничени во изборот на бојата и дезените, тие изгледаат одлично во сива, темно сина, црвена, окер и многу други бои. Кога станува збор за различните дезени, тие изгледаат несекојдневно во пругасти дезени во сите бои.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

3. Хулахопки

Има толку многу работи што ги прават хулахопките одлично парче за секоја есен. Без разлика дали се еднобојни, шарени или наједноставни црни хулахопки, тие се одлични за да додадат нов момент во вашата комбинација, да ве одвојат од околината и се разбира да ги покажат и истакнат вашите нозе, а притоа да не ви е студено.  Само со менување на хулахопките, вашата комбинација може да изгледа секогаш различна! Искомбинирајте ги со вашите омилени летни куси пантолони, мини-здолниште или фустан и изгледајте женствено и зaгреано.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

4. Чизми

Парчето кое сите нас најмногу не асоцира на есен. Тие се толку класично и практично парче што е невозможно некогаш да излезат од мода. Изборот на чизмите што ќе ги носите зависи од вашиот личен стил и вкус, повеќе отколку од моменталната мода и тренд. Искомбинирајте ги со интересни хулахопки или чорапи до над колена за вечерно излегување или пак со фармерки за дневна комбинација во која ќе изгледате интересно, згреано и заштитено од есенските дождови.Облеки кои можете да ги носите и оваа есенОблеки кои можете да ги носите и оваа есен

5. Марами и шалови

Иако можеби е непотребно да се нагласува носењето на шалови и марами во студените денови од годината, сепак треба да им се посвети и нив малку внимание.  Никогаш не заборавајте да искомбинирате еднобојна марама, плетен шал или свилена марама во цветни дезени. Чудно е колку можат визуелно да го променат вашиот изглед и да ја разиграат вашата еднобојна комбинација, покрај вршењето на нивната примарна функција – штитењето од студот. Откако ќе се навикнете на комбинирање на шал/марама, нема да можете да престанете!Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    fantasticno!

Остави коментар