Никогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовта

Никогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовта

Тешко е да се поверува дека некои луѓе си чуваат „резерви“ за во случај да не испаднат работите како што треба со нивниот прв избор за љубовен партнер. Уште потешко е сознанието дека токму вие сте биле „резервата“, а не приоритетот. Но, тоа е многу честа појава и секому може да му се случи.

Никогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовта

Поголемиот дел од луѓето можат да почувстваат кога не се нечиј прв избор, бидејќи партнерот се однесува со нив како да се опција, а не приоритет. Кога се наоѓате на второ место, сигурно вашиот сакан или сакана ви се јавуваат ненадејно и сакаат да ве видат само тогаш кога немаат попаметна работа. Тие очекуваат од вас да ги бркате. Кога малку ќе ви пуштат водичка, ќе ви се причини како да сте освоиле награда, но истовремено ќе се почувствувате како да ве земаат здраво за готово.

Никогаш не треба да се помирувате со фактот дека сте нечија „резерва“, ниту пак вие треба да бидете тие кои постојано ќе освојуваат. Ако треба некого постојано да освојувате, тоа значи дека таа личност не ве цени. Но, тоа исто така значи и дека не се цените самите себеси. Тоа значи дека имате толку ниско мислење за себеси, што според вас сосема во ред е да почекате тој или таа да завршат со нивниот прв избор за љубовен партнер, па потоа вие да дојдете на ред. Тоа значи дека целиот ваш живот ќе застане само поради некоја неблагодарна личност што не знае да ве цени. Дали навистина сакате да бидете во оваа ситуација?

Тоа исто така значи дека вие ќе прифатите нечии остатоци. Кога сте нечија „резерва“, никогаш не можете да победите, бидејќи партнерот кој ќе го добиете не е никаква награда. Во најдобар можен случај ќе добиете врска што виси на конец. Во најлош можен случај, ќе бидете завлекувани со години и ќе го трошите целото ваше време, енергија и внимание на некој кој воопшто не се грижи за вас. Тие и онака целото нивно време и љубов ги трошат на првиот избор. Никогаш нема да се однесуваат толку добро со вас како со нивниот приоритет, без оглед на тоа колку се трудите.

Луѓето кои ве ставаат на второ место во љубовта никогаш нема да можат да ви се посветат. Тие ја бараат нивната сродна душа и веќе нашле човек кој повеќе им одговара од вас. Ако сепак одлучите да продолжите да се обидувате, само може да бидете искористени. Зошто би им го пружиле тоа задоволство?

Зар не ве вознемирува тоа што тие мислат дека би требало да го прифатите фактот што вие во нивниот живот сте само една обична безбедносна мрежа? Нормално е да се чувствувате лути и повредени и дајте им го тоа до знаење. Не им прогледувајте низ прсти.

Единствениот начин на кој ќе ја добиете нивната почит е ако ги оставите и никогаш не погледнете назад. Никогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовта, бидејќи заслужувате да бидете нечиј најголем приоритет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар