Неколку ситуации што можат да ги разберат само мајките со мали ќеркички

Секоја мајка сака нејзиното девојче да израсне во прекрасна, силна и самоуверена жена. Но, додека сѐ уште е мала, вие морате да поминете низ неизбежен процес на игра, забава, лутење. Истовремено од вашата малечка ќе слушнете и многу интересни работи кои ќе ве потсетат дека таа на многу начини ве прави среќни и исполнети. Погледнете ги овие работи во кои ќе се пронајде секоја мајка која сѐ уште има мало девојче во нејзините прегратки.

Неколку работи во кои ќе се пронајдат сите мајки кои имаат мало девојче

1. Желбата за маникир започнува уште од двегодишна возраст.

2. А опсесијата со чевли и потпетици, дури и од помала возраст.

3. Поголемите браќа не можат да згрешат, освен ако седат на нејзината глава и не ја оставаат да дише.

4. Способноста да ги пее песните од цртаните филмови на цел глас е неизбежно, иако можеби таа никогаш досега не ги гледала.

5. Треба да играте различни улоги од цртани филмови и сликовници.

6. Мора да се однесувате и облекувате како топ модел, иако многу лошо се снаоѓате во тоа.

7. Вашиот сопруг е неверојатен, а и најдобар човек на светот.

Неколку работи во кои ќе се пронајдат сите мајки кои имаат мало девојче

8. Прифатливи се само кукли и мечиња од цртаните филмови и сликовниците.

9. Сфаќате дека нејзиниот мајчински инстинкт се појавува уште од најрана возраст, затоа што таа се обидува да ги бакне сите бебиња и кукли кои ќе ги здогледа.

10. Некои од цртаните филмови на Дизни кои сте ги гледале во вашата младост, сега ви изгледаат малку чудно, но сепак, мора повторно и повторно да ги гледате.

11. Никогаш не сте доволно возрасни за да си играте и секогаш може да ви биде интересно да боите во боенка.

12. Ликовите од некои игри од вашиот телефон се вистински и кон нив мора добро да се однесувате.

13. Многу е важно да имате светкава блуза.

14. Исто така и панделка за коса со уши како на мачка.

Неколку работи во кои ќе се пронајдат сите мајки кои имаат мало девојче

15. Смешната облека на самовила е сосема прифатлива кога станува збор за одење кај забарот.

16. Балетскиот фустан е совршена облека за одење во градинка или играње во калта, но хулахопките никогаш не се носат кога се оди на балет, освен ако немаат интересни фигури на нив.

17. Секој треба да ги остави работите што ги прави и да го гледа нејзиниот танц. И да ѝ аплаудира.

18. Косата собрана во коњско опавче е причина зошто таа не сака да ги слуша вашите наредби.

19. Пријателствата помеѓу малите девојчиња се длабоки и цврсти, дури и пред да тргнат во прво одделение.

20. Но, вие секогаш ќе бидете нејзината најдобра пријателка.

21. И никогаш нема да имате доволно шарени и светкави налепници во вашиот дом!

Неколку работи во кои ќе се пронајдат сите мајки кои имаат мало девојче

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар