Неколку напитоци што се совршена замена за кафе

Верувале или не, има многу напитоци што би можеле да бидат совршена замена за кафе. Барем еден ден можете да го прескокнете утринскиот ритуал на пиење кафе и да пробате некои од следниве опции.

Топло чоколадо

Топлото чоколадо е совршена замена за кафе бидејќи не само што ќе ви ја крене енергијата, туку и ќе ја задоволи вашата потреба за благо. Доколку се грижите за високиот степен на калории, потрудете се да најдете топло чоколадо што е подеднакво вкусно и кога е направено само со вода.

(1) nekolku-napitoci-shto-se-sovrshena-zamena-za-kafe-kafepauza.mk

Зелен чај

Една шолја зелен чај во себе содржи речиси исто количество на кофеин како и кафето. Ова е одлична опција бидејќи ваквиот чај е богат со многу антиоксиданси и низа други здравствени придобивки. Препорачливо е да го консумирате со мед и лимон, за поубав вкус.

(2) nekolku-napitoci-shto-se-sovrshena-zamena-za-kafe-kafepauza.mk

Џус од црна слива

Иако звучи малку необично, ќе се изненадите колку енергија ќе ви даде ваквиот џус. Овој густ напиток помага при регулирањето на електролитите во телото, а тоа пак ја зголемува енергијата и издржливоста, што ќе ве држи во текот на целиот ден. Доколку вкусот ви е прејак, може да додадете и малку сок од јаболка.

(3) nekolku-napitoci-shto-se-sovrshena-zamena-za-kafe-kafepauza.mk

Вода со лимон

Се смета дека ова е еден од најздравите и најдобрите начини да се почне денот. Во чаша вода додадете исцеден сок од половина лимон и малку изрендајте од кората. Ова не само што ќе ве одржи будни и енергични, туку и одлично ќе влијае врз вашата кожа.

(4) nekolku-napitoci-shto-se-sovrshena-zamena-za-kafe-kafepauza.mk

Пченична трева

Доколку сте од оние на кои им е неопходно кафе во попладневните часови, сокот од пченична трева е одлична опција за вас. Пченичната трева станува многу популарна бидејќи е полна со природни енергенси и содржи многу витамини и хранливи материи. Треба време да се навикнете на блуткавиот вкус, но само помислете на придобивките. Може да се комбинира со лимон и друго овошје и зеленчук за да се добие подобар вкус.

(5) nekolku-napitoci-shto-se-sovrshena-zamena-za-kafe-kafepauza.mk

Ленено семе

Во чаша јогурт или кисело млеко додадете малку ленено семе или масло и ќе го добиете вистинското количество на енергија што ви е потребно за нормално функционирање во текот на денот.

(6) nekolku-napitoci-shto-se-sovrshena-zamena-za-kafe-kafepauza.mk

Билен чај

Билниот чај се прави од сувите или свежи листови, цветови, плодови или корења на билките или овошките. Чаевите од нане, цимет, ѓумбир се совршени за утринските часови и со сигурност ја намалуваат желбата за кафе. Иако повеќето не содржат кофеин, сепак ќе ви ја задоволат потребата за пиење на вкусен и топол напиток.

(7) nekolku-napitoci-shto-se-sovrshena-zamena-za-kafe-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. tanja Reply

    Interesno :)

  2. Чупе Reply

    Ниедно од овие не можи да го замени кафето :)

Остави коментар