Навики кои ја уништуваат фарбаната коса

„Ова е можеби една од најчестите грешки кои ги прават жените со фарбана коса“, вели Ева Скриво, позната фризерка од Њујорк додавајќи дека по фарбањето на косата треба да се почека барем 72 часа за миење со шампон. Според неа, потребни се 3 дена за кутикулите потполно да се затворат и да се „заробат“ молекулите од бојата со цел таа подолго да трае.

Навики кои ја уништуваат фарбаната коса

Најголемиот непријател на фарбаната коса е водата. Треба да избегнувате секојдневно да ја миете, па доколку брзо ви се мрси, можете да применувате суво миење. Исто така би требало и да избегнувате да ја потопувате косата под вода, бидејќи на тој начин повторно предизвикувате побрзо паѓање на бојата.

1. Миење со премногу жешка вода

Кога ја миете косата користете млака или уште подобро, ако можете, ладна вода. Топлата вода ги откинува горните слоеви на влакната, па тоа е една од главните причини зошто бојата ви бледнее. Колку е потопла водата, толку побрзо таа ќе опадне.

2. Погрешен регенератор за коса

Доколку сакате да ја зачувате вашата боја, најдобро би било да користите регенератор кој е наменет само за фарбана коса. Тој создава заштита и го спречува опаѓањето на бојата. Исто така многу е важно по секое миење со шампон да нанесувате регенератор, особено ако имате тенка коса.

3. Прегрубо триење со пешкир

Бојата може да избледува, а врвовите ќе изгледаат суви доколку пресилно ја триете со пешкир. Наместо тоа нежно притискајте со цел тој да ја впие водата и потоа оставете ја на воздух сама да се исуши.

4. Претерана употреба на пегла за коса, фигаро или фен

Фарбаната коса е чувствителна на топлина, па доколку сакате да ја одржите здрава и сјајна најдобро е да ја намалите употребата на различни помагала за стилизирање. Исто така, тогаш кога ќе ги употребувате, не заборавајте да нанесете и средство за заштита на косата од топлина.

5. Нерамномерно повторно фарбање

Кога е време за повторно фарбање на делот кој израснал кај корените, често се случува да ја офарбате вашата коса набрзина, нерамномерно. Доколку сакате да ја офарбате рамномерно, потребно е прво да ја нанесете бојата на коренот од косата, па откако ќе отстои така, навалете се над када и додајте малку топла вода со кружни движења, исто како да ја миете со шампон. Со вашите раце распределете ја по целата должина до врвовите. Оваа постапка би требало да трае околу 2 минути.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар