Најчудните секс-соништа и нивното значење

Сексуалните соништа, особено оние кои вклучуваат интимни активности со личност со која никогаш, ама баш никогаш не би имале односи, знаат да бидат прилично вознемирувачки, меѓутоа од нив морате да ја извлечете подлабоката порака. Ваквите сонови многу ретко имаат некаква поврзаност со сексот, туку причината која стои зад нив е воглавно ваша потреба од обединување, спојување на различните, спротивставени делови од самите себе.

Најчудните секс-соништа и нивното значење

Секс со бившиот/та

Не, ваквиот сон не значи дека сакате повторно да бидете со таа личност. Доколку имате сексуален однос со личност со која во минатото сте биле во врска, тоа најверојатно значи дека сѐ уште размислувате околу некои неразјаснети чувства. Доколку сте со нова личност, таквиот сон може да биде знак за некои ваши стравови во однос на врската или пак повторно преживување на чувствата кои сте ги имале за бившиот/та. Обрнете внимание на природата на сексуалното искуство и како сте се чувствувале додека сте го правеле тоа во сонот, за да увидите какви емоции имате спрема бившиот партнер. Доколку не сте во нова врска, можеби вие и бившиот партнер имате некоја незавршена работа, која ви го поматува умот.

Инцестуозен секс

Инцестуозните сексуални соништа најмногу вознемируваат и многу е тешко да се ослободите од нив после будењето. Сонувањето дека имате секс со некој член од вашето семејство може да значи неколку работи: сексот со родител може да е поврзано со тоа дека станувате возрасна, зрела личност или дека и самите ќе станете родители. Сексот со кој било член на семејството, може да означува ваша потреба да бидете прифатени, некое длабоко опростување, копнеж за блискост или решавање на недоразбирање.

Хомосексуален сон

Доколку во јавето не сте хомосексуално ориентирани, а сонувате дека имате секс со личност од истиот пол, станува збор за вашата самодоверба. Во зависност од тоа како сонот ќе заврши, воглавно станува збор за ваша желба да ги прифатите оние делови од вашето тело или карактеристики кои не си ги сакате. Доколку сонувате хомосексуален сон со некој ваш пријател, тоа може да симболизира некои несогласувања помеѓу вас, несигурност околу самото тоа пријателство или околу некој талент кој таа личност го поседува, а вие посакувате да го имавте. Така што доколку ова ви се случило, не грижете се, не значи дека сакате да спиете со вашиот најдобар пријател/ка.

Секс со позната личност

Иако можеби повеќето жени навистина би сакале да спијат со Дејвид Бекам, а мажите со Анџелина Џоли, ваквиот чин во сонот има сосема поинакво значење. Можеби сакате да добиете повеќе внимание, да стекнете слава, богатство, признание или да го зајакнете статусот во вашето друштво.

Секс со странец

Психологот Карл Јанг има развиено теорија дека секој маж и секоја жена имаат својот анимус. Анимус ја претставува машката енергија на жените, а анима е женската енергија која ја имаат мажите. Сонувањето секс со странец од спротивниот пол, има некаква врска со вашиот анимус/анима. Станува збор за рамнотежа, за спојување на машкиот и женскиот аспект од вас. Доколку сексот со странецот во сонот не е трауматичен, може да биде знак на личен раст и развој.

Силување

Овие сонови се прилично вообичаени. Силувањето значи повредување, наметнување и закана за вашето битие и самодоверба. Можеби во јавето некој ви ја погазува гордоста и ве присилува на работи кои под нормални околности не би ги прифатиле. Од друга страна, може и да значи дека сте принудени да работите работа спрема која чувствувате силна аверзија. Друго значење на овој сон, е дека сте во врска со личност која не ви покажува доволно почит.

Изневерувачки секс

Доколку сонувате дека го изневерувате вашиот партнер, нема потреба да паничите. Станува збор за некои тешкотии и несигурности кои е сосема природно да се појават во секоја врска. Ако во сонот вие сте личноста којашто изневерува, веројатно се чувствувате виновни во врска со нешто. Доколку во сонот гледате дека вие сте изневерени, тоа е знак дека се чувствувате премногу несигурно.

Секс со пријател/ка на партнерот

Доколку сте сонувале ваков сон, сигурно кога сте се разбудиле сте се чувствувале многу виновно. Немојте да бидете премногу самокритични, бидејќи ваквиот сон најверојатно значи само дека ве привлекува некоја особина којашто ја има оваа личност и сакате да ја имате и вие, или сакате да ја пронајдете во вашиот партнер.

Чудни гениталии

Четири дојки, два пениса, пенис и вагина заедно, опашка која ви расте од задникот. Што се случува? Доколку во сонот нешто чудно се случува со вашите гениталии, тоа има некаква врска со вашата сексуалност или креативност. Во зависност од деформацијата, вие можеби ја испитувате вашата сексуалност или сексуалната желба. Запрашајте се дали чувствувате вина или срам поради вашиот сексуален живот или го немате во доволни количества? Можеби созревате, растете и се менувате како личност. Доколку сте жена која сонува дека има машки гениталии или пак сте маж кој сонува дека има женски гениталии, можеби станува збор за развој на вашиот анимус или анима. Доколку пак сонувате дека имате и машки и женски полови органи, тоа може да е знак на хармонија помеѓу машката и женската страна од вашиот карактер.

Секс во тројка

Доколку сонувате дека имате секс во тројка, тоа не значи дека вие имате „валкани“ мисли, туку дека чувствувате потреба од поголема поддршка или дека нешто ви недостасува во животот. Доколку во тројката доминираат жени, тоа значи дека имате недостаток од некаков емоционален елемент во вашиот живот. Доколку во сексот доминираат мажи, тоа значи дека имате потреба од физичко внимание. Во секој случај, ваквиот сон може да е знак дека треба да побарате поголема поддршка од вашето семејство или од пријателите.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар