10 бјути трендови кои момците никогаш нема да ги разберат за нас

10 бјути трендови кои момците никогаш нема да ги разберат за нас

Иако момците за нас мислат дека сме убави без разлика дали носиме шминка или не, сепак постојат некои козметички трендови кои тие едноставно не ги разбираат. И очекувајте тоа никогаш да не се промени. Па, наместо да му објаснувате дека ќе доцните поради тоа што се обидувате да направите совршено нашминкани „зачадени очи“ или дека го нанесувате последниот слој од светкавиот сјај за усни, едноставно уште на почетокот запомнете дека овие 10 бјути трикови тие никогаш нема да ги разберат.

1-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_

1. Што било светкаво

Без разлика дали тоа е омилената сенка за очи или лосион за тело – мажите не сфаќаат! Сигурно ќе ги забележи светките и ќе му се допадне ефектот, но и ќе биде загрижен некои од тие прекрасни, мали украси да не завршат на него.

2. Користењето шампон и регенератор

Секој маж ќе го постави прашањето зошто користите шампон и регенератор за коса, кога постои шампон 2 во 1, кој може да се користи за сè? Сега сигурно ви е јасно како тој, секој пат, толку брзо се тушира.

3. Сјај за уста

За девојките, сјајот за уста преставува основна шминка. За момците – сјајот за усни е некако непозната, леплива маса која главно воопшто не ја сакаат.

4. Омбре фризура

Не постои девојка која не го сака овој популарен тренд на бојадисување на косата – бидејќи тој им стои добро на сите. Ако се бојадисате, постои голема шанса вашето момче да забележи дека сте биле на фризер, а кога ќе дознае, ќе се запраша зошто сте потрошиле толку висока сума пари за коса која се состои од различни бои?

2-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_

5. Мачкини очи

Никогаш не ја брзајте девојката која се обидува да ги усоврши своите мачкини очи. Освен тоа, никогаш не ја прашувајте што правела толку долго, бидејќи е очигледен знак дека не сте го забележале ова ремек-дело.

6. Црвен кармин

Вашето лудо заљубено момче има голема дилема. Како да ве бакне, а да не се намачка со кармин насекаде по себе?

7. Нашарани нокти

Уредните и убави нокти се посакувани, но цветовите, светките или лепенките? Момците никогаш нема да разберат зошто девојките го прават тоа и верувајте дека вечно се прашуваат дали обетката за нокти навистина боли.

3-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_

8. Лажни трепки

Сигурно сте слушнале дека момците се заљубуваат во нашите очи и поглед. Тогаш ви е јасно дека обожаваат да ги гледаат. Сепак, вештачките трепки тотално ги излудуваат и апсолутно не разбираат зошто имаме потреба да ги ставаме…

9. Балејаж – сонце во косата

Сонце, каде? Не обидувајте се да му ја објасните новата техника на осветлување и бојадисување на косата која моментално стана повеќе популарна од омбре и бронде техниката. Нема шанси тој да сфати!

10. Исправување на косата

Момците само претпоставуваат дека нашата коса е природно свиленкаста, права и мазна. Само кога би знаеле дека за тој ефект е потребно да се издвои еден час, производи за исправување на косата и секако – преса без која не може да го замислиме нашиот живот.

4-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар