Маска од аспирин: Решение за проблемите на лицето

Освен што ја смирува болката и ја намалува телесната температура, аспиринот е корисен и за многу други работи, особено кога станува збор за негата и грижата на нашето лице. Кожата на лицето е нежна и чувствителна на секакви промени, а аспиринот не само што е одличен лек за црвенило и акни, туку и ја потхранува кожата, при што таа ќе остане заштитена од надворешните влијанија. Во продолжение прочитајте за што сѐ можете да го користите аспиринот кога се соочувате со секојдневните проблеми.

Маска од аспирин – решение за проблемите на лицето

1. Нега на проблематична кожа

Ацетилсалицилната киселина од аспиринот помага при отстранување на вишокот маснотии од кожата и го уништува мртвото ткиво. Дерматолозите велат дека аспиринот е одличен лек и за акните, бидејќи ја намалува можноста за затворање на порите. Исто така, помага при црвенилото на кожата и особено е корисен за луѓето кои патат од псоријаза.

Маска за кожа од аспирин

Ставете 5 таблетки аспирин во една чаша и додајте топла, дестилирана вода. Добро измешајте додека не добиете хомогена смеса. По избор, можете да додадете и една кафена лажичка мед, бидејќи медот има лековити својства и позитивно влијае на кожата и организмот. Подготвената маска нанесете ја на проблематичните делови на кожата и оставете ја да делува 10 минути. Потоа, темелно измијте го лицето со топла вода.

Маска од аспирин – решение за проблемите на лицето

Освен како средство за нега на кожата, аспиринот ефективно и ефикасно ги решава и следните проблеми:

2. Го отстранува првутот

Иситнете 2 до 3 таблетки аспирин и измешајте ги со количината шампон што ја користите за едно миење. Нанесете ја смесата на косата, масирајќи со прстите и оставете да делува од 3 до 5 минути. Аспиринот ќе го намали воспалението на скалпот, а со тоа и создавањето на првутот.

3. Ги ублажува реакциите после убодите од инсекти

Аспиринот, поради неговите антивоспалителни својства, е одличен лек за намалување на отокот и болката после убодите од инсекти. Рецептот е едноставен: Навлажнете една таблетка аспирин, ставете ја на местото на убодот и залепете ја со фластер. Оставете да делува неколку минути и ќе почувствувате голема разлика.

4. Ги отстранува дамките од пот на облеката

Иситнете 3 таблетки аспирин и смешајте ги со 50 милилитри топла вода. Делот од облеката кој има дамки потопете го во смесата и оставете да делува неколку минути. Потоа, исперете ја облеката на вообичаениот начин. Истата смеса ќе ги отстрани и дамките од никотин, трева и кал, но во тој случај облеката треба да ја оставите потопена во смесата 15 минути.

5. Го поттикнува растот на растенијата

Аспиринот го спречува создавањето на габите, што е многу важно за растот на билките и растенијата во градината и домот. Натопете една таблетка аспирин во еден литар топла вода, ставете ја течноста во шише со спреј и попрскајте ги растенијата. Исто така, доколку ставите една таблетка аспирин во вазна со вода, ќе го продолжите животниот рок на цвеќето.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар