Рецепт за печен лосос со вкусен сос од билки и лимон

Рецепт за печен лосос со вкусен сос од билки и лимон

Печениот лосос е одличен избор за ручек или вечера. Оваа риба е богата со протеини и омега 3 киселини кои се важни за здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем. Тој одлично се комбинира со различни билки, лук и лимон. Токму овие состојки се и основата за денешниот рецепт кој можете да го прочитате во продолжение.

Рецепт за печен лосос со вкусен сос од билки и лимон

Потребни состојки:

  • 450 грама лосос филети
  • 200 милилитри маслиново масло
  • 15 грама свеж магдонос
  • 10 грама свеж коријандер
  • 5 грама свеж копар
  • 5-6 чешниња лук
  • 2 лажици свежо оригано
  • 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
  • 1 лажичка кора од лимон
  • ½ лажичка црвен пипер
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

1. Нанесете малку сол, црн бибер и црвен пипер врз филетите и ставете ги да се печат во загреана рерна на температура од 150 степени целзиусови околу 20 минути додека да се испечат.

2. Измешајте ги магдоносот, коријандерот, копарот и ориганото заедно со лукот во блендер. Додајте маслиново масло, сок од лимон и кора од лимон и мешајте сè додека смесата не се изедначи убаво.

3. Послужете го сосот со испечениот лосос. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за печен лосос, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печен лосос во маринада од виски.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар