Машки пријателства: Нивната вредност и како да ги одржувате

Пријателството помеѓу мажите е малку поразлично од пријателството помеѓу жените и можеби токму тоа е една од причините зошто на мажите им е потешко да го одржуваат. Особено на постарите мажи.

Машки пријателства: Нивната вредност и како да ги одржувате

Женски наспроти машки пријателства

Жените се многу блиски со нивните пријателки и тие немаат проблем да ги споделат со нив дури и најмалите детали од нивниот живот. Тие не се плашат дека ќе изгледаат пречувствително или премногу слабо во нивните очи и се секогаш подготвени да дадат или примат совет. Всушност со самото знаење дека тие се покрај нив, жените се чувствуваат безбедно, среќно и сигурно.

Кај мажите, работите се одвиваат малку поразлично. Тие често имаат потреба да ја одржуваат својата мажественост во очите на нивните пријатели и се плашат да покажат дури и најмало чувство од страв да не бидат осудени. Дури и кога имаат проблем, доколку ги прашаат дали е сè во ред, тие одговараат потврдно со цел да покажат дека се силни.

Тие не само што се плашат од осуда од нивните пријатели, туку често и имаат потреба да се натпреваруваат со нив. Оваа желба да се победи и да се биде подобар од другата личност значи и дека тие многу поретко би сакале да дадат или примат поддршка. Во нивниот свет прегратката лесно може да биде заменета и со тепачка.

Моќта на пријателствата

Постојат илјадници истражувања кои покажуваат дека колку подлабоки социјални врски имате, толку подолго и посреќно ќе живеете. Интимните социјални врски го намалуваат ризикот од голем број заболувања така што го намалуваат шеќерот во крвта, отчукувањето на срцето и холестеролот. Во една студија, на пример, истражувачите во период од 6 месеци откриле дека оние кои немаат блиски пријатели имаат и поголема шанса за смрт. Во друга студија пак, се открило дека оние кои имале најсилни пријателски врски, во рок од 9 години, имаат повеќе од 60% помал ризик за смрт.

Вистинските пријателства се и една од најголемите причини зошто луѓето кои живеат во сиромашни услови се и едни од најсреќни личности на планетата. Тие можеби немаат пари да си дозволат Прада, но без сомнение имаат огромна низа пријатели.

Како да градите и одржувате значајни пријателства?

Бидејќи пријателствата се исклучително важни за нашиот живот, погледнете дел од најдобрите совети за како да ги изградите и одржувате…

1. Пријателството треба да ви биде приоритет – Многу често луѓето се заглавуваат во нивните обврски и забораваат да издвојат време за нивните пријатели.

2. Правете разлика помеѓу „покер“ пријатели и вистински пријатели – Покер пријателите се забавни, но тие нема да ви помогнат да го спуштите нивото на холестерол во вашата крв. Низа студии кои биле спроведени во период од три декади откриле дека женските пријателства го покриваат целиот спектар на емоционални потреби, за разлика од машките кои се фокусирани на поповршните пријателства.

3. Не очекувајте вашата партнерка да ги оствари сите ваши емоционални потреби – Голем број студии откриле дека многу мажи во бракот прават нешто многу интересно. Тие ја „унапредуваат“ својата сопруга во улога на личност која има задача да се грижи за сите нивни емоционални потреби. Можеби ова ќе ви звучи контрадикторно, но психолозите постојано велат дека силните бракови вклучуваат мажи кои бараат совети и поддршка од нивните машки пријатели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар