Мароканска салата со портокали и урми

Оваа мароканска салата за миг ќе ве однесе  на Истокот. Мирисите на портокалите, вкусот на урмите и аромата на циметот создава комбинација која мора да ја вкусите.

Потребно:

  • 4 излупени портокали
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • 3 лажици розе вино
  • 12 урми, со извадени семки
  • една рака листови од свежо нане
  • неколку цели печени бадеми
  • 1 лажица мед

Подготовка: Излупените портокали исечете ги внимателно на парчиња. Сокот што ќе се создаде додека ги сечете портокалите чувајте го за дресингот.

Мароканска салата со портокали и урми

Во сад за салата, ставете ги парчињата портокал, бадемите и урмите.

Мароканска салата со портокали и урмиЛистовите од  нане исецкајте ги на многу ситни делчиња и додадете ги кај овошјата. Во мал сад измешајте го сокот од портокал, виното, циметот и медот. Прелијте преку салатата.

Мароканска салата со портокали и урми

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар