Зимско кафе со цимет, урми, морско оревче, каранфилче и портокал

Стоплете се со ова вкусно кафе

zimsko-kafe-so-cimet-urmi-morsko-orevche-karanfilche-i-portokal

Потребни состојки:
  • 4 лажици кафе
  • 1 лажица цимет во прав
  • 2 суви урми
  • Прстофат морско оревче
  • 2 каранфилчиња
  • Кора од портокал, изрендана
Начин на подготовка:

Ставете го кафето заедно со циметот и урмите во ѓезве. Измешајте, па додајте го морското оревче, каранфилчињата и изренданата кора од портокал, па прелијте со 400 милилитри свежо зовриена вода. Мешајте полека со дрвена лажица, сè додека не се комбинираат состојките, а потоа оставете да отстои 4 минути. Исцедете ја смесата низ филтер за кафе или газа и послужете.

Пробајте го и ова зимско кафе со вкус на ментол кое ќе ви ја стопли душата!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар