Малку е потребно за да се научи нов странски јазик

За брзо да научите да комуницирате на некој странски јазик, не е потребно многу. Клучно е да се сконцентрирате на зборовите кои најчесто се употребуваат.

Малку е потребно за да се научи нов странски јазик

Бени Луис, авторот на блогот fluentin3months.com и човек кој говори седум странски јазици, советува да се почне со учење на најупотребуваните 300 зборови, затоа што тие сочинуваат дури 65% од сите зборови кои секојдневно се употребуваат. Со нив можете да се претставите, да нарачате јадење, да зборувате за времето, да купите нешто во продавница, на едноставен начин да ги изразите вашите мисли итн. Тој тврди дека ако продолжите да учите уште малку и стигнете до речник од најупотребуваните 2.000 зборови, тогаш веќе сте научиле 90% од зборовите кои луѓето најчесто ги употребуваат.

За жал, на интернет не може да се најде листа на 300 или 2.000 најупотребувани зборови во еден единствен каталог, па ако сакате да ги научите ќе треба сами да го завршите тој дел од работата. Треба само во Гугл пребарувачот да впишете 300/1000/2000 most frequent words in (language) и ќе добиете повеќе листи. Ние можеме само уште да ви предложиме неколку бесплатни и забавни алатки за учење нови јазици на овој линк.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар