Луѓето не се такви какви што се претставуваат: 20 општествени маски што сите ги ставаат понекогаш

Луѓето што ги запознавате никогаш не се такви какви што се претставуваат. Сите имаат развиено фасада зад која го кријат својот вистински карактер. Маската што ја ставаат обично е целосна спротивност на она што се обидуваат да го скријат. Маската им служи како психолошки одбранбен механизам за да можат да преживеат, да бидат прифатени, сакани или игнорирани. Сигурно ќе ви бидат познати некои од следниве 20 општествени маски што луѓето ги ставаат…

Луѓето не се такви какви што се претставуваат: 20 општествени маски што сите ги ставаат понекогаш

1. Антипатична личност

Ќе ја препознаете оваа личност по нејзината навика прво да зборува, а потоа да мисли. Овие луѓе се обидуваат да ја скријат нивната несигурност. Тие зборуваат гласно за да не ја забележите нивната осаменост и недостаток на самодоверба.

2. Будалеста личност

Убавите луѓе го користат својот надворешен изглед за да ги добијат работите што ги сакаат. Токму поради тоа тие не ги развиваат останатите карактеристики и стануваат празноглави и арогантни. Кога некој ќе ги одбие за прв пат, тоа го доживуваат како голем пораз, бидејќи не се навикнале да го слушаат зборот „Не“.

3. Површно религиозна и фанатична личност

Овие луѓе најчесто се обидуваат да скријат 2 работи: Или имаат некаков голем грев или не се премногу паметни. Тие мислат дека сѐ е црно или бело. Веруваат дека лесно може да се дефинира што е правилно, а што погрешно. Таквите луѓе ја користат религијата за да го сокријат фактот дека се многу збунети. Им одговара тоа што религијата не ги следи правилата на логиката и што сите мисли се отворени за интерпретација, бидејќи нивниот ум не може да ги разбере комплицираните работи.

4. Личност што ги следи правилата

Луѓето кои постојано ги користат правилата за да се одбранат, потполно се неспособни да размислуваат со своја глава. Тие се плашат од луѓето кои се попаметни и ги сметаат за закана. Тоа е така затоа што паметните поединци ги предизвикуваат да размислуваат поинаку и покреативно, а тоа ги тера да излезат од нивната удобна зона. Правилата им даваат сигурност, бидејќи им кажуваат што да прават и како да размислуваат.

5. Крал/кралица на драмите

Луѓето кои постојано претеруваат и драматизираат сакаат да привлекуваат внимание, затоа што сакаат сѐ да се врти околу нив. Тие имаат потреба сите да ги сфатат сериозно, а игнорирањето го сметаат за најголема навреда.

6. Привремено срамежлива личност

Постојат 2 типа луѓе: Оние што се навистина срамежливи и оние што се понекогаш срамежливи. Привремено срамежливите луѓе се преправаат дека се срамежливи за да го сокријат својот капацитет и способност за грубост и антипатичност. Срамежливата фасада им помага да ги препознаат луѓето кои ќе ги прифатат такви какви што се.

7. Цинична личност

Луѓето кои се постојано зајадливи и цинични всушност се многу осамени и несреќни. Со цел да ја сокријат својата циничност, тие ја негираат емоционалната вредност на работите. Тие се дружат само со луѓе кои се исти како нив, бидејќи така се чувствуваат подобро.

8. Пасивно-агресивна личност

Овие луѓе веруваат дека отвореното покажување на лутината нема да ги одведе никаде, па затоа се преправаат дека се согласуваат со сите. Тие се несигурни во себе и сакаат да се борат, но немаат ниту волја ниту сила за тоа. Уверени се дека луѓето не ги интересира како се чувствуваат и имаат проблеми со ниската самопочит. Сметаат дека никој не може да ги разбере. Многу им е важно другите да се сложуваат со нив, па дури и да се работи за привидна дружба.

9. Личност која сака да биде нешто што не е

Најлесно е да се препознаат таквите луѓе. Тие се белите рапери без никакво улично искуства, претенциозните момци што се дружат со училишниот насилник, колегата кој секогаш премногу се труди за да го импресионира шефот, девојката со црна коса која станала русокоса за повеќе да им се допаѓа на момците и слично. Проблемот на ваквите е луѓе е што не се почитуваат себеси. Нивната самопочит зависи од туѓото одобрување.

10. Неуморниот кловн

Луѓето кои постојано ги смеат другите, се обидуваат да го одвлечат вниманието од нивната сопствена несигурност. Се надеваат дека со нивната смисла за хумор ќе можат да ги прикријат своите недостатоци. Тоа се забележува кога ќе претераат со шегите во ситуација кога никому не му е дојдено до смеа.

Луѓето не се такви какви што се претставуваат: 20 општествени маски што сите ги ставаат понекогаш

11. Сезнајковци

Луѓето кои се претставуваат како сезнајковци всушност се обидуваат да привлечат внимание. Тие знаат многу безначајни факти, но ретко кога станува збор за навистина вредни информации. Тие го користат своето „знаење“ во разните кавги и со тоа ги нервираат останатите.

12. Личноста која постојано се фали

Луѓето кои постојано се фалат се многу несигурни. Тие се толку навикнати на фалењето што тоа станува дел од нивната природа. Поголемиот дел од нивните фалби се лажни и им служат за да ги прикријат животните грешки од кои се срамат. На нивните зборови им нема крај.

13. Интелектуалци

Интелектуалците се многу срамежливи луѓе кои се кријат зад нивниот памет. Тие ужасно се плашат од неуспех. Не сакаат да ризикуваат и никогаш не го преземаат првиот чекор. Понекогаш користат реторички прашања за да ги збунат нивните противници.

14. Бирократи

Луѓето кои сакаат да ги комплицираат работите се во потрага по нивната самопочит. Тие се многу несигурни и сметаат дека не постигнале ништо во животот. Тоа е така затоа што се плашат од промени. Бирократите мислат дека вредноста е правопропорционална со сложеноста на нештата.

15. Разумна личност

Мотото на овие луѓе е „Нападот е најдобра одбрана“. Но, тие не сфаќаат дека не можат да нападнат ако не го познаваат својот противник. Разумните луѓе се познаваат само себе. Нивната разумност е само привидна, но со текот на времето, ако претераат со зборување, може да им падне маската.

16. Дипломати

Луѓето кои постојано измислуваат бесмислени изрази за да ги „неутрализираат“ изговорените зборови се всушност многу опасни манипулатори. Дипломатското однесување им служи за да му го одвлечат вниманието на слушателот и да го смират непријателот, а потоа да ги реализираат нивните скриени мотиви.

17. Џентлемени

Сите мажи кога сакаат да освојат некоја жена се подготвени да разговараат со неа, да ѝ купуваат скапи подароци, да изјавуваат љубов, па дури и да признаат дека погрешиле. Мажите честопати носат маска на џентлемени за да ги привлечат жените.

18. Дами

Дури и најљубезните жени понекогаш можат да станат антипатични и ладни. Тоа им служи како одбранбен механизам за да се заштитат од машките предатори. Меѓутоа, жените кои често ја користат својата „злоба“ всушност очајно бараат внимание.

19. Успешни деловни луѓе

Не дозволувајте да ве прелаже нивното одело, голем автомобил и голема куќа. Тие луѓе не поседуваат ништо друго освен материјални работи. Работите што ги поседуваат им служат само за да ги исплашат другите и да ги натераат да помислат дека не се на нивно ниво.

20. Лажни пријатели

Некои луѓе се спријателуваат со вас само за да извлечат некаква корист. Во моментот кога нема да им требате повеќе, вашето пријателство ќе заврши. Со текот на времето ќе им падне маската и ќе се открие нивното вистинско лице.

Прочитајте ги и овие 8 знаци дека носите лажна маска на злобна и непријатна личност.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар