8 знаци дека носите лажна маска на злобна и непријатна личност

8 знаци дека носите лажна маска на злобна и непријатна личност

Луѓето честопати ставаат маска за да ги скријат своите емоции и да остават впечаток на силни и цврсти личности. Ваквиот изглед може да биде застрашувачки за одредени луѓе, иако добрината е онаа карактеристика која ја краси вашата личност. Можеби другите ве доживуваат како злобни и негативни иако вие знаете дека тоа не е така. Доколку се пронајдовте, ова се 8-те знаци кои ќе ви помогнат да сфатите зошто се случува тоа…

8 знаци дека носите лажна маска на злобна и непријатна личност

1. Не се смеете често

Секогаш сте сериозни и изгледате строго. Ова се чини многу ладно и непривлечно, но тоа не сте вие. Вие едноставно не сакате да бидете искористени и се обидувате прво да дознаете со кого си имате работа пред да ја откриете вашата вистинска весела страна. Да, можеби тоа на другите им изгледа чудно, но вие знаете дека токму тој изглед ви помогнал во минатото подобро да ги процените луѓето околу вас.

2. Не барате помош

Вие не сакате да им бидете товар на луѓето, секогаш сте независни и живеете во меурче заштитено со вашиот одбранбен став. Можете многу да дадете, но бидејќи луѓето гледаат дека секогаш сè правите сами, тие сметаат дека не ви се потребни. Не станува збор за тоа дека вие не би сакале да дадете и добиете поддршка, но едноставно сте многу педантни во односите со другите. Тоа значи дека помагате само кога тоа е навистина потребно.

3. Не давате ветувања и не се обврзувате

Вие не сте навикнати да давате ветувања и да нудите лажна сигурност. Можеби изгледа како да не ви е гајле што другата личност бара или предлага, но вие претпочитате дела, а не празни ветувања. Овој начин на дејствување е многу селективен и коректен.

4. Се надевате на најдоброто, но свесни сте дека животот е неправеден

Нема ништо интересно или фасцинантно во одредените компромиси кои сме принудени да ги направиме или неуспеси кои мораме да ги поднесеме. Вие го гледате светот од еден многу реален агол и јасно ви е како стојат навистина работите. Тоа не значи дека не се надевате или дека не го очекувате најдоброто. Едноставно секогаш сте разумни и реалистични, и на тој начин се заштитувате себеси од разочарувања.

8 знаци дека носите лажна маска на злобна и непријатна личност

5. Ја следите вашата интуиција и не се обидувате да им угодите на другите

Вие ги правите работите спонтано. Не сте конвенционални, напротив, сакате да живеете според ваши правила и да градите ваш сопствен пат. Понекогаш ова не им се допаѓа на другите луѓе, но тоа е ваш начин на функционирање и не треба да се чувствувате лошо поради тоа.

6. Имате малку, но вистински пријатели

Не ве интересираат туѓите животи, бидејќи вам ви е важен квалитетот на односот. Вие имате почит спрема приватноста на луѓето и не сакате да се мешате во нивните проблеми. Токму затоа тешко остварувате нови познанства и имате тесен круг на пријатели кој ви е сосема доволен.

7. Повеќе сакате да ја кажете вистината и да ги повредите другите, отколку да кажете лага за да ги заштитите

Вистината може да биде болна, но вие ја цените пред сè искреноста. Вие го посакувате најдоброто за другите луѓе и сакате да им помогнете да го одберат вистинскиот пат. Дури и кога немате никаква лична корист од тоа, вие го правите само она што е правилно.

8. Опростувате, но не заборавате

Кога некој ќе ве повреди, нема шанси вие повторно да поминувате низ истиот процес и одново да го градите истиот однос што сте го имале. Иако знаете да ги простите грешките од минатото, вие тоа искуство ќе го искористите за идната проценка на таа личност. Можеби ќе простите, но секогаш ќе ја паметите болката која сте ја преживеале и ќе станете многу повнимателни во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар