Научете ги вашите синови дека жените не постојат само за да ги задоволуваат нивните потреби

Научете ги вашите синови дека жените не постојат само за да ги задоволуваат нивните потреби

Можеби не можете да влезете во нечиј ум, но многу жени ќе ви кажат колку им било страв да отидат и до продавница. Колку пати им било смачено од излегувањето и ноќните клубови поради постојаните дофрлања од сите страни. Колку пати биле нарекувани со погрдни зборови само затоа што здолништето им било малку пократко.

nauchete-gi-vashite-sinovi-deka-zhenite-ne-postojat-za-da-gi-zadovoluvaat-kafepauza.mk

Научете ги вашите синови дека жените не треба да бидат атрактивни за да бидат вредни за ислушување

Разликата помеѓу комплимент и тврдењето дека жената е ваша сопственост е разликата помеѓу вистинскиот разговор и странец кој дофрлува „Мислам дека си многу секси, може ли да ми го дадеш бројот?“ Разликата помеѓу комплиментот и навредата е заедничкото согласување дека и жените се личности. Разликата помеѓу комплиментот и нападот е тоа дали жената ја има или ја нема опцијата да одговори.

Научете ги вашите синови дека женското тело не е нивна сопственост

Овде станува збор за моќ. Мажите кои им приоѓаат на жени во јавност сметаат дека имаат право да ја покажат својата моќ над пасивниот предмет и да го контролираат пристапот кој го имаат до женското тело. Поради ова, една жена не е во можност да носи „провокативна“ облека без да се чувствува како мета. Разликата во разбирањето за ситуацијата е тоа што на мажите никогаш не им советуваат да го стават бројот на полицијата во итни повици или пак да носат некакво средство за заштита. Желбата на мажите да дофрлаат коментари не се ни споредува со желбата која ја имаат жените барем еден ден да се чувствуваат безбедно со своето тело.

Научете ги вашите синови дека женското тело не ја одредува нејзината вредност

Мажите поминуваат многу време критикувајќи го изгледот на жената, недостаток од ова, премногу од она, нејзиното однесување, нејзината насмевка, нејзиното образование… Но тие речиси никогаш не признаваат дека без разлика на овие работи, жената е сепак жена. Жените заслужуваат да бидат слушнати. Нивните солзи и среќа се висински. Колку мажите и да не се согласуваат со ова, жените сепак се силни.

Научете ги вашите синови дека ова не е битка помеѓу мажите и жените

Жените ги разбираат мажите кои сметаат дека не добиваат доволно внимание колку девојките. Многу од нив биле жртви. Можеби им било страв да се возат навечер со јавен превоз. Можеби ги паметат погледите кои ги добиле од пијаните мажи кои се качиле со нив во лифтот. Можеби го имаат почувствувано притисокот за секс без разлика колку одбивале. Жените ги разбираат мажите кои се нашле во ваква ситуација, кои биле исплашени, кои биле жртви.

Кога жената ќе го разбере ова, тоа значи дека овие работи се и нејзина реалност. Таа е родена во свет каде што сè уште има полова нееднаквост и каде што мажите сè уште имаат моќ да користат сексуална злоупотреба. Кога навистина ќе ги слушнете повиците за помош од жените, процесот на лекување ќе може да започне и конечно на виделина ќе излезе еднаквоста.

Сè додека општеството не разбере дека не е потребно некој некаде да биде крвав и изложен за луѓето да поверуваат дека има проблем, ништо нема да биде доволно.

Погледнете ги и другите типови дискриминација против кои треба да продолжиме да се бориме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар