Лично од полицајците: На овие начини можете да избегнете казна

Лично од полицајците: На овие начини можете да избегнете казна

На сите ни се случило да нѐ застане полицаец, без разлика дали поради пребрзо возење или нешто друго. Погледнете ги овие 10 совети за да знаете како да се снајдете следниот пат кога ќе заглавите во ваква ситуација.

0-lichno-od-policajcite-na-ovie-nachini-mozhete-da-izbegnete-kazna-kafepauza.mk

1. Никако не се обидувајте да флертувате или да го подмитите

Така само ќе направите да се чувствува без интегритет и 100% ќе добиете казна.

2. Не се однесувајте идиотски

Се гледа кога некој има лош ден, но сепак ќе одлучи да не ве казни. За тоа да се случи, вие треба да се однесувате пристојно и да не се однесувате како најголемиот кретен на планетава. Немате идеја колку пати некој добил казна само поради неговото однесување или карање.

3. Не му давајте луди изговори

Доволно е само да кажете: „Можно е да возев повеќе од дозволеното, мислев дека го следам текот на сообраќајот.“

4. Никогаш не го признавајте прекршувањето

Никогаш не признавајте дека сте возеле пребрзо затоа што ако ја признаете вината, тогаш навистина ќе мора да ви даде казна.

5. Држете го погледот пред себе

Не се загледувајте во полицаецот преку страничниот или задниот ретровизор. Полицајците го забележуваат ова и им изгледа уште посомнително, а некои дури стануваат уште подефанзивни.

6. Културно побарајте само опомена

Едноставно речете: „Ќе ве молам ако може само опомена. Ќе внимавам следниот пат“. Ова може да ве спаси. Ако признаете на ваков начин: „Не внимавав на знаците“, тоа ќе го запишат во делот за забелешките бидејќи тоа им е работа и казната сама ќе си дојде…

7. Не правете ништо што може да предизвика да се почувствува загрозено

Сообраќајот може да биде многу опасен. Голем дел од самите застанувања на полицајците се поради сомнителен изглед, налог за апсење, наркотици или нешто слично. Ако немате ништо од ова, тогаш голема е веројатноста дека ќе ве пуштат без казна.

8. Не бидете диви

Овие неколку фрази НИКОГАШ не ги употребувајте ако ве застане полицаец:

  • „Знаеш ли ти кој/а сум?“
  • „Данокот што го плаќам е твојата плата.“
  • „Го познавам судијата ____.“
  • „Немаш ништо попаметно за правење?“

9. Мавнете кога ќе видите полицаец

Тој или ќе мисли дека се знаете и ќе ви возврати или ќе мисли дека признавате дека сте возеле пребрзо и му кажувате дека ќе забавите.

10. Вашата кола кажува многу за вас

Сакате да пренесувате порака: „Разумен/а сум и го почитувам законот“, а не: „Ја мразам полицијата и сакам да скријам нешто од неа.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар