Клучни парчиња облека за 2017 година

Новата година започна, па сега е вистинското време да направите една листа со парчиња облека кои ќе ви бидат потребни во текот на оваа година доколку сакате да заблескате со стил и елеганција. Па затоа, ние ви ги претставуваме трендовите кои ќе бидат водечки во деновите кои се пред нас, а вие земете лист хартија и молив во рака и запишувајте.

1-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Чанта со оригинален дезен поради која сите очи ќе бидат вперени во вас

Сите ние ги сакаме чантите, па токму поради тоа, таа мора да се најде на врвот од оваа листа. Секако, ги сакаме чантите поради тоа што тие се практични, особено оние поголемите, но исто така, не можеме да им одолееме доколку тие се атрактивни, симпатични, оригинални… Тие можат секоја модна комбинација да ја подигнат на повисоко ниво! Токму затоа, ве советуваме да пронајдете некоја од која нема да се одвојувате, која ќе привлекува внимание и поради која ќе изгледате како вистинска блогерска ѕвезда.

2-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

2. Пар рамни обувки поради кои ќе заборавите на високите потпетици

Кажете им збогум на високите потпетици и кажете им здраво на вашите нови омилени обувки – рамните чевли, балетанките, патиките… Пронајдете го моделот што најмногу ви се допаѓа, а кој ќе биде рамен, без потпетица, и за момент ќе ја заборавите вашата љубов кон високите потпетици. Ќе се чувствувате доста пријатно и удобно, но и ќе изгледате модерно. Поради големиот избор лесно ќе можете да пронајдете обувки во кои ќе се заљубите на прв поглед, иако тие ќе немаат високи потпетици.

3-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

3. „Пуфкаста“ јакна за топла зима со стил

Модните писти потврдија – „пуфкастите“ јакни оваа зима го доживеаја своето големо враќање на модната сцена, па воопшто не двоумете се и веднаш пронајдете го моделот кој се совпаѓа во вашиот стил. Наш совет е да одберете јакна во некоја впечатлива боја, за на тренди начин да ги надополните вашите зимски модни комбинации.

4-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. „Закрпени“ фармерки, доколку сакате да бидете поразлични

Кога станува збор за фармерките, мислиме дека сме виделе и сме испробале сè. Сепак, некако сме останале верни на тесните фармерки, и тоа толку многу што тие станаа очекувани и ниту малку занимливи. Па, ајде да бидеме поразлични! Одберете модел на фармерки кој не би ги понела секоја девојка, бидејќи вие не сте обични. Интересен пример се токму „закрпените“ фармерки, а варијациите се најразлични – во вид на лепенки или на најразлични парчиња тексас…

5-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. Впечатливи обетки кои ќе ги носите во пар или одделно

Деталите се оние кои му даваат посебен печат на нашиот стил. А оваа сезона, кога станува збор за деталите, ќе ги сакаме впечатливите обетки кои ќе можете да ги носите во пар, но и одделно доколку сакате да изгледате екстравагантно и смело. Едноставно пронајдете го вашиот омилен пар и комбинирајте го со сè.

6-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

6. Чизми до глуждот кои ќе привлечат внимание

Без разлика на тоа дали вашите кратки чизми ќе бидат рамни или со мала штикла, овој модел ќе биде нешто што е задолжително за оваа година. Одлично се комбинираат со шорцеви, со здолништа, со тесни, но и широки фармерки. Немате изговор за да ги избегнете. Задолжително вклучете ги во вашиот стил!

7-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

7. Долна облека со чипка, но само за негови очи!

И за крај, нешто интимно и прекрасно – долна облека со чипка. Без разлика дали ќе ја носите за себе или за него, дали тоа ќе биде долна облека или друг детаљ кој ќе можете „јавно“ да го носите, чипката била и останала задолжителна за секоја девојка, во која било варијанта. Немојте да се двоумите!

8-ovie-parchinja-obleka-mora-zadolzhitelno-da-se-najdat-vo-vashite-garderoberi-vo-tekot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар