Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Од Серена Вилијамс која обожава да се бања во „Евијан“ вода, до педикирот со риби на Џесика Симпсон, ова се најчудните третмани за убавина на кои славните личности подлегнуваат од каприц.

Серена Вилијамс

Кога топлата вода од чешма едноставно не е доволна, Серена Вилијамс без проблем одвојува 5.000 долари за едно „Евијан“ искуство во хотелот „Виктор“ во Мајами. Луксузниот апартман кој чини 6.000 долари за една вечер е опремен со 1.000 литри изворска вода „Евијан“ и шарени гербери. Познатата тенисерка тврди дека може да ја почувствува разликата во водата уште при самото влегување во кадата.

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Гвинет Палтроу

Не е тајна дека Гвинет Полтроу употребува козметика за лицето на база на змиски отров. За само едно ултралуксузно шишенце на Силвија Дакар кое содржи синтетички змиски отров чиј ефект е сличен на ефектот на ботоксот, актерката е подготвена да издвои 185 долари.

Кејт Мидлтон

Змискиот отров не е единствениот отров кој делува благотворно на лицето. Отровот од пчела е уште поделотворен од змискиот, но за сметка на тоа тој треба да се разреди за неговото нанесување да биде што е можно побезболно. За жал, се користи само 1% од шишенцето кое чини неверојатни 55.200 долари. Се разбира, оваа цена може да си ја дозволи војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Викторија Бекам

Следниот пат кога некоја птица ќе ве „почести“ со нејзиниот измет, не лутете се веднаш. Наместо да го исчистите птичјиот измет, земете лажичка и намачкајте го на лицето. Така барем прави Викторија Бекам. Таа користи крем за лице на база на измет од славеј. Но, оваа практика не е нова. Уште во древните времиња, гејшите во Јапонија на сличен начин го чистеле лицето и верувале дека птичјиот измет е одличен ексфолијант за лице.

Деми Мур

Пред модерната медицина да стане популарна, вообичаено било да се користат пијавици за цицање на „лошата крв“ за која се сметало дека е причина за многу болести. Денес оваа практика ја користи Деми Мур како метод за разубавување. Пијавиците кои се користат во нејзините третмани за убавина се медицински тренирани за да го прочистат телото од отрови и да ја подобрат кожата.

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Анџелина Џоли и Кетрин Зета Џонс

Додека некои може да си дозволат да јадат кавијар, Анџелина Џоли може да си дозволи да го мачка кавијарот на лице. Таа користи луксузен крем за лице на база на кавијар. За 100 милилитри од овој крем Џоли издвојува 710 долари. Кремот е богат со состојки кои ја навлажнуваат и ја затегнуваат кожата. За разлика од Џоли, актерката Кетрин Зета Џонс го користи кавијарот во своите луксузни третмани за коса.

Џесика Симпсон

Во една од епизодите на нејзиното шоу „Цената на убавината“, Џесика Симпсон пред јавноста го испроба контроверзниот педикир со помош на риби. Постапката вклучуваше потопување на стапалата во вода во која малечки пирани ја грицкаат мртвата кожа.

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Вивика Фокс и Адријан Броди

Екстензијата на трепки е исто така многу популарна кај славните личности. Вивика Фокс и Адријан Броди се подготвени да платат 350 долари за третман за продолжување на трепките чиј резултат трае три недели.

Сајмон Ковел

Додека сите ние шетаме и дишеме кислород, Сајмон Ковел има малку поинаков пристап спрема кислородот. Судијата на шоуто „Икс фактор“ вели дека вдишува кислород од лименки и на тој начин го прочистува телото и го разбиструва умот.

Мила Кунис

Доказ дека девојките ги сакаат дијамантите е и Мила Кунис. Таа го негува своето лице со крем кој содржи дијаманти и рубини.

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Тери Хачер и Ева Лонгорија

Повеќето од нас уживаат во вкусот на добро црвено вино. Ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Тери Хачер, ужива да се бања во црвено вино. Нејзината колешка, Ева Лонгорија, знае колку се важни третманите за нега на кожата и заради тоа користи крем за лице на база на плацента.

Канје Вест, Ким Кардашијан и Опра Винфри

Ласерското отстранување на влакна веќе може да се смета како љубовен состанок за Канје Вест и неговата девојка Ким Кардашијан. И додека вљубениот пар ужива во овој третман, Опра Винфри ги надградува своите трепки со влакна од визон (животно кое се лови заради неговото скапоцено крзно).

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар