Како треба да ја чистите и негувате вашата кожа?

Што се однесува до дневното рутинско чистење, нанесување пилинг и хидрирање на кожата, сигурно веќе долго време го правите тоа, при што имате извежбано некои потези, па не сте се запрашале дали можете да направите нешто поразлично. Но, некои измени во вашите навики за чистење може значително да го подобрат вашиот изглед, а притоа да не потрошите повеќе време од вообичаено. Во продолжение погледнете неколку совети за здрава и блескава кожа.

Еве на кој начин треба да ја чистите и негувате вашата кожа

1. Чистење на кожата

Имате шминка? Најпрво отстранете ја со производи базирани на масло. Обидете се да ја отстраните целосно, а потоа ставете од течноста за чистење на влажни раце и нанесете на лицето, концентрирајќи се на Т-зоната и масирајте ја кожата со кружни движења во период од една минута. Сфатете го тоа како масажа со благ притисок. Потоа, исплакнете обилно со вода и нежно избришете го лицето со сува и чиста крпа.

2. Ексфолијација

Како што старееме, ексфолијацијата станува сѐ повеќе важна. Така, по чистењето, натопете парче памук со лосион за ексфолијација и движете се околу T-зоната, на челото, по носот и по образите. Комбинацијата на памукot и активната состојка ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки. Сепак, внимавајте да не претерате.

3. Хидрирање на кожата

Сега кога вашата кожа е чиста и мазна, време е да посегнете и кон нејзина хидратација, а ова важи и за оние кои имаат мрсна кожа. Треба да запаметите дека најважно е да ѝ овозможите хидратација на вашата кожа, со цел таа да изгледа здраво и сјајно. Така, ставете од кремата на рацете и нанесете ја со мали движења по вашето лице. Не заборавајте ги образите кои најчесто може да бидат и игнорирани. Плус на сето ова, додајте крема за околу очи ноќта и крема за заштита од сонце наутро.

За ова не ви е потребно многу време, всушност, потребно ви е многу помалку отколку времето потрошено на социјалните мрежи, а крајниот резултат е далеку подобар и повидлив!


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар