Како да се ослободите од здодевниот подбрадок?

Како да се ослободите од здодевниот подбрадок?

Вишокот масни наслаги под вилицата е проблем со кој се соочуваат многу мажи и жени. Голем дел од нив мислат дека елиминирањето на подбрадокот е нерешлив проблем, но тоа не е точно. Доколку сакате мазен врат и убава линија на вилицата треба редовно да правите вежби, кои бараат посветеност, но тие се едноставни и краткотрајни и можете да ги правите додека седите на вашето работно биро.

Како да се ослободите од здодевниот подбрадок?

1. Исправете го телото

Првото нешто на кое треба да обрнете внимание доколку сакате да се ослободите од досадниот подбрадок, е положбата на вашето тело. Подгрбавеноста може во суштина да биде и една од причините за создавање подбрадок. Држете го вашето тело исправено кога стоите или додека седите, бидејќи тоа ќе ви овозможи затегнување на мускулите на вратот.

2. Насмевнете се

Смеењето исто така помага за затегнување на мускулите на вратот. Оваа вежба подразбира развлекување на вашата уста во најшироката можна насмевка која можете да ја направите. Звучи чудно, но широката насмевка навистина помага во намалувањето на вишокот масни наслаги под брадата.

3. Хранете се здраво

Најдобриот совет за отстранување на подбрадокот е правилната исхрана. Како што ќе стареете, масни наслаги ќе почнат да ви се појавуваат на многу непријатни делови од телото, како на пример, на вашето лице. Ако почнете да внимавате што и колку јадете, не само што ќе почнете да губите видливи килограми од вашето тело, туку и од лицето, што ќе доведе до елиминирање и на подбрадокот.

4. Бакнете го таванот

Ова е една интересна и ефикасна вежба за затегнување на опуштените мускули под вратот. Сѐ што треба да направите е да застанете исправено на нозе, да ја наведнете главата наназад така што лицето да ви е свртено кон таванот и потоа да ја наберете уста како за бакнеж. Бакнувајте го таванот околу 5 секунди, опуштете го лицето и повторете го истото 5-10 пати. Движете ги само усните, останатите мускули на лицето треба да ви останат опуштени.

5. Ротирајте ја главата

За оваа вежба можете да изберете дали ќе седите или ќе стоите. Исправете го грбот и кренете ја главата во нормална позиција. Потоа почнете да ја ротирате главата од едното кон другото рамо, движејќи се полека и нежно. Додека ги правите ротациите полека започнете сѐ повеќе да ја навалувате главата накај тилот, за да правите полукругови. Повторете го движењето 10 пати.

6. Отворете ја устата

Оваа вежба е исто така многу едноставна за правење. Сѐ што треба да направите е да ја отворите вашата уста најмногу што можете и да останете во таа позиција околу 10 секунди. Вежбата подобро ќе делува на затегнување на мускулите под вратот, доколку има некаков отпор под вашата брада. За таа цел, потпрете тениско топче или анти-стрес топче под брадата. Исто така можете да ја турнете вашата долна вилица кон напред, во облик на лопатка.

7. Џвакајте мастики

Верувале или не, еден од наједноставните начини за ослободување од подбрадокот е редовното џвакање мастики, бидејќи на овој начин фацијалните мускули и мускулите околу вилицата се постојано во движење. Поради тоа, џвакањето мастики ќе ја изостри линијата на вашата вилица. Можете дури и да правите смешни фаци, бидејќи сѐ што ги активира мускулите на вашето лице, ви е од полза за решавање на проблемот со подбрадокот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар