Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

Сите сакаме да бидеме здрави, среќни и продуктивни, трите нешта кои гарантираат исполнет живот. Кои се навиките на здравите, среќни и продуктивни личности?

Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

1. Благодарност

Оние кои можат да го видат доброто во секоја ситуација имаат поголема веројатност да живеат среќен живот. Така што, без разлика во која фаза од животот се наоѓате и што ви се случува, барајте го доброто и позитивното во секоја ситуација. Фокусот на позитивните нешта може да стори чуда за вас.

Во едно истражување спроведено на Универзитетот Дејвис во Калифорнија, психолозите утврдиле дека луѓето кои пишувале дневник со само 5 нешта за кои се благодарни за секоја недела се чувствувале подобро, биле пооптимистични, имале помалку здравствени проблеми и повеќе спиеле.

Во духот на оваа поука, слушнете една позитивна песна која ќе ве натера да помислите со што сè сте благословени.

2. Преземање акција

Најчесто е многу тешко да се направи првиот чекор, да се излезе од безбедната зона, да се победи стравот и да се соочите себеси со предизвикот. Но, токму надвор од безбедната зона се случуваат чуда. Зацртување на целите и работењето на нив се загарантиран пат до успехот.

Според Американското здружение за среќа (American Happiness Association), нашата среќа е 50% генетски предодредена, 40% зависи од нас самите, додека 10% зависи од демографските услови, односно статистиката на населението и оние кои нè опкружуваат.

Не грижете се доколку изгубите чувство за време!

Губењето чувство за време не значи дека губите време, па не плашете се понекогаш едноставно да заборавите на времето што минува. Често се случува среќните и исполнети луѓе целосно да се внесат во она што го работат и да изгубат осет за време, правејќи го она што ментално ги стимулира и исполнува. Губењето чувство за време е природен тек на креативноста и луѓето кои знаат да се „изгубат“ правејќи го она што го сакаат се позафатени, имаат поголема самодоверба и создаваат подолготрајно чувство на среќа и задоволство. Затоа доколку имате хоби, препуштете му се, правете го со страст, изгубете се во она што го правите.

3. Физичка активност на чист воздух

Една од многуте придобивки на вежбањето и физичката активност е тоа што ви помага да се ослободите од негативните емоции, а вежбањето во природа на чист воздух само ќе ви ги разбистри мислите и ќе ви даде една поинаква перспектива на светот.

Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

Вежбањето на отворено:
  • ќе ви помогне побрзо да се ревитализирате и заздравите
  • ќе ви го зголеми нивото на енергија и на уживање од вежбањето
  • ќе ви го намали чувството на депресија, бес и тензија

Интересен факт: Според американското метеоролошко здружение, совршената температура за среќа е 14˚C.

4. Смеење

Смеењето е јасен знак на среќа, но редовното смеење е многу подобро за вас отколку што можете да си замислите. Смеењето помага при ослободување на хормонот ендрофин кој се бори со стресот и болката.

Сте знаеле ли дека:
  1. 15 минути смеа може да го зголеми прагот на издржливост на болка за 10%?
  2. Смеењето е поврзано со вашиот социјален живот. За 30 пати е поверојатно дека ќе се насмееме во друштво на други отколку кога сме сами.

Не заборавајте дека смеата е заразна. Сигурно сте забележале дека кога некој се смее поттикнува смеа и кај оној кој е во негово друштво.

Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

Интересен факт: Во 1962 во Танзанија децата на училиште почнале неконтролирано да се смеат што придонело за спонтани насмевки кај околу 1.000 луѓе.

5. Зборување наспроти слушање

Сослушувањето на другите не значи само одржување на постабилни врски со луѓето и создавање позитивна атмосфера. Слушањето исто ви помага да ги спречите мислите кои ве деконцентрираат. Пробајте да слушате повеќе отколку да зборувате. Така апсорбирате повеќе знаење и изгледате посамоуверено, иако ви изгледа дека важи обратното.

Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

Значењето на зборовите го извлекуваме:
  • 55% од изразот на лицето на соговорникот
  • 38% од начинот на кој зборовите се кажани
  • 7% од зборовите кои се кажани

Интересен факт: Помалку од 2% од луѓето општо стекнале формално образование за тоа како да слушаат.

Ако мислите дека не ги слушате доволно луѓето кога разговарате, пробајте ги следниве совети:
  1. Гледајте го соговорникот и внимавајте на контактот со очи.
  2. Навалете се кон соговорникот и не прекрстувајте ги рацете.
  3. Не прекинувајте го соговорникот додека зборува и не дозволувајте си да бидете деконцентрирани од вашиот мобилен.
  4. Парафразирајте го она што сте го чуле за вашите соговорници да бидат сигурни дека сте ги слушнале и разбрале.

6. Дарување

Со правење добро на другите си правите добро и самите себе. Хуманитарната работа и донациите се добри за физичкото како и за менталното здравје.

Верувале или не, алтруизмот, односно грижата за другите и несебичноста, го поттикнуваат чувството на еуфорија во мозокот. Оние кои редовно волонтираат и помагаат имаат подобро психичко здравје од другите и помалку се склони кон депресија.

Интересен факт: За жените е поголема веројатноста да донираат пари, додека мажите почесто волонтираат и им пружаат помош на непознати.

7. Опкруженост со среќни личности

Среќата не е изолирана туку постојано е под влијание на опкружувањето. Колку посреќно и попозитивно е вашето опкружување, толку посреќни ќе бидете и вие самите.

Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

Едно истражување спроведено на 4.000 луѓе во времетраење од 20 години покажало дека среќата е феномен на поврзаноста. Оние кои се опкружени со среќни луѓе и самите имаат поголема шанса да бидат среќни.

Колку е заразна среќата?
  • 15,3% од луѓето имаат поголема веројатност да бидат среќни ако нивен близок пријател е среќен.
  • 60% од луѓето имаат поголема веројатност да бидат среќни ако близок заеднички пријател кој живее блиску до нив е среќен.

Интересен факт: Најчесто нивото на вашата среќа е просек од чувствата на 5-те личности со кои најчесто го минувате времето.

Уште еден интересен факт: Вашата среќа е толку заразна што може да се пренесе до 3 нивоа, односно до пријател на пријателот на вашиот пријател!

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар