Храна која ги менува мирисот и вкусот на вашата вагина

Мирисот и вкусот на секоја вагина се различни. Но интересен е фактот дека одредени прехранбени продукти можат да го променат тоа. Сигурно веќе имате слушнато дека ананасот го подобрува вкусот на вашата вагина. Но што е со останатите продукти? Доколку сте љубопитни можете да направите експеримент и да дознаете дали ова е вистина, или пак сепак станува збор само за мит.

1. Кафе

(1)hrana-koja-gi-menuva-mirisot-i-vkusot-na-vashata-vagina-kafepauza.mk

Вагината си има своја pH вредност и е природно кисела, а ова ѝ овозможува самата да се чисти. Кога консумирате нешто што ја менува pH вредноста на вашата вагина, како на пример кафето, се менува мирисот и вкусот на вашата вагина. Сексологот Џесика О’Рајли изјавила дека, според нејзините клиенти, пушењето, кофеинот и презервативите резултираат по погорчлив вкус на вагината.

2. Цитрусно овошје

(2)hrana-koja-gi-menuva-mirisot-i-vkusot-na-vashata-vagina-kafepauza.mk

Изгледа дека митот со ананасот сепак не е мит. Цитрусите го прават вкусот на вашата вагина поблаг. Слично како и кафето, така и овие овошки ја менуваат рН вредноста поради нивната висока киселост.

3. Целер

(3)hrana-koja-gi-menuva-mirisot-i-vkusot-na-vashata-vagina-kafepauza.mk

Наводно, целерот може да ја неутрализира непријатната миризба. Ова овошје е многу богато со витамин Ц и вода и ги отстранува сите горчливи вкусови.

4. Аспарагус

(4)hrana-koja-gi-menuva-mirisot-i-vkusot-na-vashata-vagina-kafepauza.mk

Кога нашето тело го обработува овој зеленчук, се разградува една хемикалија наречена аспарагуска киселина, и тоа во делови кои содржат сулфур. Сулфурот има лош мирис. Голем број прехранбени продукти кои содржат или се разградуваат во сулфур (овде спаѓа и лукот) им даваат мирис на вашите секрети.

5. Јогурт

(5)hrana-koja-gi-menuva-mirisot-i-vkusot-na-vashata-vagina-kafepauza.mk

Поради природниот пробиотик, јогуртот има навистина позитивен ефект на вагината. Пробиотиците се живи организми (добри бактерии) кои ги уништуваат лошите бактерии и ја намалуваат опасноста од габични инфекции. Јогуртот ја одржува нормалната рН вредност на вагината.

6. Месо

(6)hrana-koja-gi-menuva-mirisot-i-vkusot-na-vashata-vagina-kafepauza.mk

Доктор Сари Локер, професор при Универзитетот Колумбија изјавил дека јадењето место може да ѝ даде солен вкус на вашата вагина.

7. Зачини

(7)hrana-koja-gi-menuva-mirisot-i-vkusot-na-vashata-vagina-kafepauza.mk

Се верува дека и зачините може да го променат вкусот на вашата вагина. На пример, карито е зачин кој може да го „засили“ вкусот, но не и да го влоши.

Дознајте и што значи непријатниот мирис на вагината.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар