Гинеколозите предупредуваат: 5 народни лекови за вагинални проблеми кои треба да ги избегнувате

Гинеколозите предупредуваат: 5 народни лекови за вагинални проблеми кои треба да ги избегнувате

За лекување на вагинални инфекции и воспаленија многу жени користат народни, односно природни лекови кои не поминале медицински испитувања. Денес проверуваме колку тие лекови се сигурни за користење.

Гинеколозите предупредуваат: 5 народни лекови за вагинални проблеми кои треба да ги избегнувате

За да се справат со вагиналните инфекции, жените најчесто избираат некои од следните 5 начини на лекување:

1. Ставање лук во вагината.

2. Ставање етерично масло од чајно дрво на тампон.

3. Ставање кантарионово масло на тампон.

4. Миење на вагината со раствор од сода бикарбона и вода или раствор од јаболков оцет и вода.

5. Ставање јогурт врз тампон кој потоа се става во фрижидер за длабоко, па така замрзнат се вметнува во вагината.

Иако судејќи според написите на форумите, жените се изјаснуваат дека овие домашни лекови им помагаат, сепак гинеколозите предупредуваат дека треба да бидете многу внимателни со нивното применување.

„Овие природни лекови спаѓаат во алтернативна медицина. Сепак, јас сум склон кон проверени лекови кои се клинички испитани и поминале законска процедура на испитување. Сите наведени ‘лекови’ сигурно може да предизвикаат алергиски реакции, особено доколку се користат премногу често и во неадекватни дози. Лично, никогаш не сум им препорачал такво нешто на пациентките, со тоа што постои цел дијапазон на проверени лекови кои докажано помагаат во различни случаи на вагинални инфекции“, објаснува д-р Дубравко Лепушиќ

Значи, доколку планирате за лекување на вагиналните инфекции да користите лук, етерично масло од чајно дрво, сода бикарбона или кој било друг народен лек, пред да го направите тоа, секако посоветувајте се со гинеколог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар