Кофеински еликсир за здравје и енергија

Во овој рецепт можете да најдете сè што е добро за вашето здравје, плус кофеин!

Потребни состојки:
  • 1 шолја свежо подготвено црно кафе (користете ја вашата секојдневна доза)
  • 1 супена лажица сирово какао во прав
  • 1 кафена лажица сирова мака во прав
  • 1/4 кафена лажица мелена куркума
  • 1/4 кафена лажица мелен цимет
  • 1/8 кафена лажица мелен ѓумбир
  • Прстофат црн бибер
  • 1/2 кафена лажица екстракт од ванила
  • Природен засладувач по ваш избор (сиров кокосов шеќер, стевија, чист јаворов сируп)
  • 1 супена лажица млеко без лактоза (за најдобар вкус бадемово млеко)
Начин на подготовка:

Во голема шолја за кафе комбинирајте ги какаото, маката, куркумата, циметот, ѓумбирот и црниот бибер. Добро измешајте и додајте го кафето. Мешајте додека не се комбинираат. За крај, додајте ги ванилата, засладувачот и млекото и уште еднаш измешајте. Имајте убав ден!

Вкусно, здраво и веганско: Погледнете го и овој рецепт за смуди од кафе, какао и урми!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар