Фризерски трик: Одберете правилна боја за вашата коса според обликот на лицето

Не сте сигурни која боја најдобро би изгледала на вашата коса? Нема потреба од паника, само погледнете какво лице имате и прочитајте која боја на коса најдобро би изгледала според обликот на вашето лице.

frizerski-trik-odberete-pravilna-boja-za-vashata-kosa-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mk

Експертите тврдат дека на секое лице, покрај изгледот на косата, одговара и одредена нијанса на боја на косата.

1. Срцевидно лице

Срцевидното лице доаѓа до израз со руси тонови на косата, но и со светло кафеава и светло црвена нијанса.

2. Кружно лице

Кружниот облик „бара“ шишки и прамени, конкретно светла нијанса на шишките и горниот дел од косата, а задниот дел треба да е неколку нијанси потемен.

3. Четвртесто лице

Четвртестото лице делува широко, па фризерите предлагаат темни нијанси на кафеава и црвена, како и црна боја.

4. Овално лице

Најдобриот избор на боја за овално лице се средните нијанси на руса, црвена, лешник или кафеава, а визуелно го истакнуваат темни нијанси и прамени, особено оние ако го врамуваат.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар