Фасцинантни ефекти од хакирање на вашиот мозок

Мозочното хакирање е многу едноставно. Се замислувате себеси далеку во иднината, како живеете во друга држава, или пак како сте друга личност. Целта е да имате чувство на одделување, на некој начин, на оттргнување од себеси.Психолошко дистанцирање - Фасцинантни ефекти на мозочно хакерствоВаквото замислување ве става во апстрактна или во психолошки далечна состојба на вашиот ум, која има различни видови влијанија на вашата перцепција за светот. Погледнете ги наредниве неколку примери за да можете подобро да разберете за што станува збор.

1. Потешките предизвици ќе ви изгледаат полесно

Кога ќе налетате на потешка задача, зголемувањето на психолошката оддалеченост од неа ќе направи да ја чувствувате како полесна:

„Активирањето на апстрактното размислување го намалува чувството на тежина. Физичката манипулација на оддалеченоста од задачата го создава истиот ефект. Учесниците забележале дека задачата е многу полесна кога тие се дистанцирале себеси од неа така што се навалувале наназад на нивните столици.“ (Томас & Тсаи, 2011)

Но, психолошкото дистанцирање помага исто како и физичката оддалеченост.

2. Вашата способност за себе-анализа ќе се подобри

Кога нештата нема да се одвиваат според вашиот план и кога се обидувате да сфатите каде грешите, психолошката оддалеченост може да ви биде од голема помош:

„…Насочувањето на луѓето да ги анализираат своите чувства од себе-оддалечена перспектива, додека се опкружени со негативни автобиографски искуства, во споредба со нормалното размислување (во прво лице), краткорочно ги води кон доживување помалку емоционални и психолошки реакции и истовремено, со тек на време, ги ублажува негативните последици од размислувањето.“ (Ајдук & Крос, 2010)

3. Ќе станете полесно убедливи

Кога се двоумите, на пример, дали да купите нешто или не, психолошката оддалеченост може значително да ви помогне со решителноста.

„Резултатите од две експериментални студии ни покажуваат дека потрошувачите кои се двоумат, многу полесно можат да се одлучат кога им влијаат пораки со психолошки далечна ориентација, која ја потенцира иднината или се однесува на некоја далечна личност…“ (Ненков, 2012)

4. Ќе стекнете поголема емоционална самоконтрола

Психолошкото дистанцирање ни овозможува и емоционална оддалеченост:

„…Негативните сцени имаат тенденција да бидат попозитивни и помалку емоционално предизвикувачки доколку замислувате дека се оддалечувате од себе, или пак спротивното, кога замислувате дека се доближувате однадвор – навнатре, односно кон себе.“ (Дејвис и колегите, 2011)

Ако сте премногу емоционална личност, психолошката оддалеченост може да биде корисна техника за контрола на вашите емоции:

„Надополнувањето на вообичаеното гледиште на одредена личност со психолошко оддалечување води кон подобро емоционално контролирање. Но, сепак индивидуите кои се склони кон избегнување проблеми (природно оддалечување од нивните искуства) подобро е доколку се обидат со обратната постапка – психолошко задлабочување, додека пак оние кои се склони кон анксиозно решавање на проблемите (природно задлабочување во нивните искуства) можат да имаат бенефит од психолошото дистанцирање.“ (Вонг и колегите, 2012)

5. Ќе станете поверни на себеси

Психолошкото дистанцирање може да ве направи помалку подложни на социјално влијание.

„…Помошта доаѓа од оддалечувањето, со што постојано се рефлектираат основните вредности и идеали на личноста, кои често се споделуваат во кругот на важни врски или групи.“ (Леџервуд и колегите, 2010)

Со други зборови, кога размислуваме апстрактно или со психолошка оддалеченост ние сме поискрени со себе.

6. Ќе станете попристојни

Луѓето имаат тенденција да бидат попристојни кога размислуваат апстрактно.

„Осум студии покажаа дека пристојноста е поврзана со високо ниво на конструктивна, временска или просторна оддалечност.“ (Стефан и колегите, 2010)

7. Ќе ја зголемите својата креативност

Пробајте да ја замислите својата задача како нешто многу далечно – истражувањата покажале дека ова може да ви биде од голема помош доколку имате потреба од креативни решенија.

„Луѓето честопати прават паузи додека работат на нешто за малку да го одморат својот мозок, но психолошкото дистанцирање и во овој случај може да биде од помош. Учесниците од една студија кои требало да размислуваат за својата задача како за нешто многу далечно, решиле двапати поголем број проблеми од оние кои не ја употребувале оваа техника.“ (Џија и колегите, 2009)

8. Ќе поттикнете мудри мисли во себе

Да се биде мудар, значи да се гледа „поголемата слика“. Апстрактното размислување и психолошкото дистанцирање можат да ви помогнат со тоа.

„Два експеримента покажале дека посочувајќи им на луѓето да размислуваат за нивните лични значајни проблеми од дистанцирана перспектива, го подобрува нивното мудро резонирање, ставовите како и однесувањето.“ (Крос и Гросман, 2011)

9. Сепак, пазете се од илузијата на објаснувачката длабочина

Не сите ефекти од апстрактното размислување се позитивни. Една од опасностите на апстрактното размислување е фактот што тие нè наведуваат да мислиме дека одредено нешто го разбираме подобро отколку што навистина е. Ова се нарекува „илузија на објаснувачка длабочина“.

„Многу луѓе отприлика знаат дека земјотресот се појавува поради судир на две геолошки плочи, кои релативно се движат една кон друга, но сепак многу малку знаат за самиот механизам кој ги поттикнува овие судири. Без разлика на тоа, луѓето веруваат дека длабоко ги разбираат овие концепти и потоа доколку некој детално им го објасни целиот концепт, тие се изненадени од нивната површност.“ (Алтер и колегите, 2010)

Поради тоа,

„И покрај тоа што здраворазумската мудрост сугерира дека ние често не ја гледаме шумата како дрвја, понекогаш тоа што повеќе загрижува е фактот дека ние не успеваме да ги видиме дрвјата како шума.“ (Алтер и колегите, 2010)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар