Џвакањето мастика создава брчки

Генетиката е главниот фактор кој може да ви остави во наследство брчки и брзо стареење. Но, покрај природното стареење на кожата и штетноста на сончевите зраци, врз создавањето на брчките, верувале или не, влијае и џвакањето мастика.(1) dzhvakanjeto mastika sozdava brchki-www.kafepauza.mkУгледниот американски дерматолог Џенет Ву, вели дека освен класичните причинители, на појавата на брчки влијаат и уште неколку работи кои редовно ги правиме како што се: спиењето на едната страна од лицето, пиењето пијалак низ пластична цевка, како и константното џвакање мастика, кој е еден од големите предизвикувачи на овие непосакувани црти на лицето.

Како што тврди Џенет, секојдневното џвакање мастика доведува до премногу муртење кое создава брчки околу усните и опаѓа тонусот на мускулите околу устата, кои е тешко повторно да се подигнат. Доколку обожавате да џвакате мастика, редно време е да престанете да го правите тоа премногу често или целосно да се ослободите од оваа бескорисна навика, која предвреме го старее вашето лице.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар