Добрата страна на повлеченоста: 7 причини зошто интровертите се „погласни“ од останатите

Една од најголемите заблуди е тоа дека интровертните луѓе не ги сакаат другите и дека социјалните вештини не им се силна страна. Меѓутоа, тоа е далеку од вистината. Карактеристиките на овие луѓе често ги прават исклучително успешни водачи, како на приватен, така и на работен план.

1-dobra-strana-na-povlechenosta-7-prichini-zoshto-introvertite-se-poglasni-otkolku-shto-ochekuvame-www.kafepauza.mk_

Што е заедничко кај Џ. К. Роулинг, Барак Обама и Одри Хепберн? Сите тројца се интроверти кои може да бидат срамежливи и малку неприлагодени во општеството. Но, нивните квалитети и вештини се толку добри што сите негативни карактерни црти брзо паѓаат во заборав.

Интровертните луѓе често се држат за себе и многу размислуваат за секој нов чекор. И не е вистина дека не ги сакаат другите или дека се помалку друштвени, но за разлика од екстровертните поединци на кои интеракцијата со другите им е до некаде потребна за да бидат среќни, интровертите енергијата и инспирацијата ја пронаоѓаат во себе. Во продолжение прочитајте кои се сите квалитети на овие карактери кои ги прави поуспешни отколку што мислите.

2-dobra-strana-na-povlechenosta-7-prichini-zoshto-introvertite-se-poglasni-otkolku-shto-ochekuvame-www.kafepauza.mk_

1. Не донесуваат ненадејни одлуки

Бидејќи се склони кон планирање, интровертите секогаш добро се информираат за тоа како стојат работите пред да донесат каква било одлука. Ништо не препуштаат на случајноста и затоа работите за кои ќе се одлучат да ги направат се успешни.

2. Вложуваат во цврсти и длабоки односи

Без разлика на нивната (не)друштвеност, интровертите секогаш имаат многу длабоки и цврсти односи со одредена група избраници. Со сите се сложуваат добро, но заради тие цврсти врски луѓето во нив имаат многу голема доверба.

3. Работите ги извршуваат самостојно

Иако добро функционираат во тим, интровертите најдобри резултати ќе постигнат доколку ги оставите сами. Скоро се незаменливи на кое било работно место, бидејќи не е потребно постојано да ги поттикнувате или мотивирате. А, тоа е причина заради која многу брзо напредуваат.

4. Одлични се во јавните настапи

Факт е дека се срамежливи, но јавните настапи влегуваат во категоријата на нивната беспрекорна работна етика каде што никогаш нема да се случи да бидат неподготвени за некоја прилика. Кога зборуваат за нешто што сакаат или за темите во кои се експерти, може да бидат посебно уверливи.

3-dobra-strana-na-povlechenosta-7-prichini-zoshto-introvertite-se-poglasni-otkolku-shto-ochekuvame-www.kafepauza.mk_

5. Знаат кога треба да застанат

Интровертите многу добро знаат да ги слушаат сопствените потреби. Во секој момент одат до своите граници, но таа граница никогаш не ја преминуваат. Кога ќе забележат дека ги исцрпеле сите ресурси, иако го дале својот максимум, склони се да се посветат на нешто ново со еднаков ентузијазам.

6. Ги држат чувствата под контрола

Всушност ретко ги покажуваат своите чувства, но тоа не значи дека ги држат во себе и не се занимаваат со нив. Решението го пронаоѓаат во своите четири ѕида, пред да ги споделат понатаму. Ретко кога ќе забележите интровертна личност во напад на бес или нешто слично.

7. Размислуваат „надвор од кутијата“

Тие не се огледуваат на другите. Во сите ситуации се слушаат себеси и затоа се склони да испробуваат нови, креативни работи, без разлика на ризикот. А, така се раѓаат најдобрите идеи.

Прочитајте ги овие моќни цитати за интровертноста што ќе ве натераат да се вљубите во самотијата.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар