Погрешните лекции од книгите за самопомош

Погрешните лекции од книгите за самопомош

Потрагата по лична среќа и душевен мир ги тера луѓето да посегнат по најразлични извори на знаење кои можат да им помогнат да се снајдат во борбата со секојдневните предизвици, а во таквиот амбиент расте популарноста на т.н. популарна психологија и книгите за самопомош.

Некои од нив навистина имаат што да понудат, даваат одлични совети и можат да ја сменат перцепцијата на работите, но се продаваат и такви кои ветуваат чуда иако не се научно издржани и само го залажуваат читателот давајќи му ирационален оптимизам и краткотрајно залечување на раните.Погрешните лекции од книгите за самопомошСогледувајќи ја ваквата состојба, психологот Алис Бојс замолила четворица нејзини колеги да издвојат по нешто од таквите книги со кое не се сложуваат. Еве како тие, според сопственото практично искуство, коментираат некои нешта кои се среќаваат таму.

Визуелизација на успехот

Во некои книги за самопомош ќе прочитате дека сликовитото замислување на моментот на остварувањето на вашата цел ќе ви помогне што побрзо да стигнете до неа. Скот МекГрил не се сложува со тоа и советува да се замислува само процесот на нејзиното остварување.

„Истражувањата откриваат дека замислувањето дека веќе сте ја постигнале целта го намалува мотивот да работите во таа насока, затоа што кога ќе почувствувате дека веќе сте направиле нешто, нормално е потоа да почувствувате и дека нема веќе што да се направи. Од друга страна, замислувањето на процесот кој води до целта може да го засили мотивот,“ вели тој.

Лично унапредување

Според Гај Винч медиумите и книгите погрешно ги интерпретираат личното унапредување и самосвеста како чувство. Тој тврди дека тоа не се чувствува, туку се однесува на нашето влијание на луѓето околу нас.

„Истражувањата покажуваат дека вистинското лично унапредување е процес на преземање дејства кои даваат резултати во реалниот живот,“ вели тој.

Спремност за промени

Мајкл Формика забележал дека дел од овие книги содржат тврдење дека промените во животот се случуваат тогаш кога сме подготвени за нив. Според неговото 20-годишно искуство, ние не решаваме за случувањето на промените, туку тие се случуваат кога околностите тоа ќе го дозволат и ќе нè натераат на нив.

„Сфатив дека подготвеноста, односно клучниот момент за промена, често се случува кога последиците од нашето однесување се со поголема тежина од вредноста на тоа однесување за нас самите. Со други зборови, кога она што сме го вложиле (последиците) станува поголемо од она што го добиваме за возврат (вредноста), околностите нè тераат да смениме нешто кај нас,“ вели д-р Формика.

Моќта на позитивното размислување

Психолозите тврдат дека позитивното размислување може да донесе одредени бенефити при справувањето со одредени ситуации. Но, постојат автори кои тоа го преувеличуваат, па дури тврдат дека позитивното размислување има моќ да лечи болести, без тоа научно да го образложат.

„Позитивното размислување може да помогне, но кога не ја зема предвид ситуацијата во која личноста се наоѓа може да наштети. Сум видела каква штета им нанесува на хронично болните. Кога ним постојано им се кажува дека треба само да мислат позитивно и ќе им биде подобро, тие се обвинуваат себеси затоа што тоа не се случува. Тоа го сфаќам како тиранија на позитивното размислување,“ вели психологот Тони Бернхард.

Таа советува во таквите ситуации мирот да се бара преку сочувство кон самиот себе, односно прифаќање на работите такви какви што се со помислата дека е направено сè што можело да се направи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар